myWorld.com и Рептил Маркети - пример за долгогодишна успешна соработка

Најголемата меѓународна програма за лојалност на потрошувачи, myWorld.com, речиси уште од самото отворање во Македонија пред 10 години, е во одлична и успешна соработка со Рептил Маркети, кои воедно важат како едни од нивните водечки партнери. Оваа година Рептил Маркети слават 25 години од своето постоење, години во кои бележат континуиран раст и економски успех.

myworld-com-i-reptil-marketi-primer-za-dolgogodishna-uspeshna-sorabotka-01.jpg

Како успешна компанија низ годините која соодветно ги следи трендовите во однесувањето и барањата на потрошувачите, Рептил маркети во соработка со myWorld.com имаат една заедничка цел, а тоа е да изградат лојална мрежа на потрошувачи кои ќе можат секојдневно да ги користат бенефитите од ова партнерство. Имено, преку myWorld.com Partner програмaта континуирано ја зголемуваат базата на потрошувачи, а воедно ги задржуваат и постоечките преку понуда на специфични поволности додека купуваат.

„Да се биде присутен на пазарот 25 години е успех само по себе. Нашата грижа за потрошувачите е секогаш главен приоритет, преку професионална услуга, голем избор на најквалитетни свежи производи и ексклузивни понуди креирани според потребите на потрошувачите. Низ годините секогаш се стремиме да ги следиме нивните потреби, со што пазарувањето кај нас ќе им биде вистинско уживање. Голема благодарност и до компанијата myWorld.com кои од нивното основање заедно изградивме концепт на пазарување со кој профитираат нашите потрошувачи. И во овој месец пред нас ќе имаме супер понуда која ќе донесе придобивка за секој од вас.” – изјави Даница Личанин Блажеска , генерален директор на Рептил Маркети.

myworld-com-i-reptil-marketi-primer-za-dolgogodishna-uspeshna-sorabotka-02.jpg

По повод роденденот на myWorld.com со оваа заедничка соработка, овие партнери во текот на цел месец Ноември ви нудат безброј придобивки и можности преку членството во myWorld.com.

„Најнапред сакам да им посакам уште многу години успешно работење и да продолжат и понатаму да бидат вистински избор за потрошувачите. По повод роденденот ние заедно со Рептил Маркети ќе креираме специјална понуда за пазарување со што нашите клиенти ќе добијат Super-Cashback и шопинг поени. Со задоволство можам да кажам дека нашето партнерство е пример за долгогодишна успешна соработка и дека и во иднина заедно ќе придонесуваме за подобри услови за нашите потрошувачи.” – изјави Радован Витошевиќ, регионален директор за Јужен Балкан на myWorld.com групацијата.

myworld-com-i-reptil-marketi-primer-za-dolgogodishna-uspeshna-sorabotka-03.jpg

Како член на мајВорлд заедницата, со секое купување во Рептил маркетите, или онлајн на нивната веб страна MarketOnline.mk, добивате поврат на средства и одреден број шопинг поени,  додека во периодот од 01.11 до 31.11 промотивно добивате 5% Super Cashback. Вратените средства можете да ги добивате на трансакциска сметка или да ги користите за повторно купување со дигитален ваучерт - eVoucher. А, поените, можете да ги искористите за дополнителни атрактивни акции и попусти кои се огласени на вебсајтот на myWorld.

Овие можности можете да ги искористите онлјан или во било кој од маркетите низ Скопје, каде што ќе најдете голем и квалитетен асортиман на производи, но и најдобра услуга во градот.

Станете и вие дел од најголемата куповна заедница во светот и користете ги бенефитите на myWorld.com. Регистрирајте се бесплатно на следниот линк, користете ги вашите поени паметно и креирајте успешни зделки!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg