Нова продавница на Телеком во Ист Гејт: Дигитализацијата на дело!

Футуристички ентериер, комплетно различно корисничко искуство и допир со дигитализацијата од прва рака – накратко, вака изгледа новоотворената продавница на Македонски Телеком во Ист Гејт мол. 

nova-prodavnica-na-telekom-vo-ist-gejt-digitalizacijata-na-delo-01.JPG

Уште од самиот влез, може да се забележи дека фокусот на продавницата е да го збогати корисничкото искуство. За првпат, корисниците на Телеком добиваат можност за самопослужување, така што можат да платат сметка, да нарачаат уред или да ги проверат понудите дигитално и на своја рака.

Возбудлива новина е и системот за чекање, кој му дозволува на корисникот да одбере термин кој најмногу му одговара и да добие СМС известување кога најбрзо може да биде услужен.

nova-prodavnica-na-telekom-vo-ist-gejt-digitalizacijata-na-delo-02.JPG

Македонски Телеком одлучи во оваа продавница да не се користат печатени, туку дигитални ценовници, со што ја продолжува мисијата за одговорно еколошко и општествено работење. Идејата ја надополнуваат и зелените еко ѕидови и новиот концепт на зелен плафон (Green ceiling), кој покрај декоративна, има и еколошка функција – на природен начин да го чисти воздухот.

Отворањето на новата продавница е закажано за денеска, 29 октомври. За да го прослави отворањето, Телеком подготви посебна понуда за корисниците: Секој што ќе купи смартфон од оваа продавница ќе добие попуст и до 5.000 денари. Понудата трае од 29 до 31 октомври.

nova-prodavnica-na-telekom-vo-ist-gejt-digitalizacijata-na-delo-03.JPG

nova-prodavnica-na-telekom-vo-ist-gejt-digitalizacijata-na-delo-04.JPG

nova-prodavnica-na-telekom-vo-ist-gejt-digitalizacijata-na-delo-05.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg