trivago и Huawei го објавија стратешкото партнерство за развој на нови решенија за патување
- Детали
- петок, 29 октомври 2021
trivago и Huawei заеднички ќе развијат решенија за прикажување на спонзорирани резултати од пребарување на хотели во Huawei Petal Search и Petal Maps
trivago, водечка глобална платформа за пребарување понуди за сместување и Huawei, еден од најголемите светски провајдери на инфраструктурни решенија за информатичка и комуникациска технологија и паметни уреди, го објавија своето партнерство во развојот на туристички можности во рамките на платформата HUAWEI Mobile Services, на која е базиран и неодамна објавениот смартфон - HUAWEI nova 9.
Апликацијата trivago ја одбележува и својата премиера во AppGallery, овозможувајќи им на корисниците да споредат милиони понуди за сместување, од стотици платформи за резервации, за да го направат најдобриот избор за нив, по одлична цена. До денес, trivago нуди повеќе од 5 милиони хотели и алтернативни опции за сместување во 190 земји. Според податоците од септември 2021 година, AppGallery има разновидна глобална публика од 580 милиони активни корисници месечно, во над 170 земји. Во 2020 година, AppGallery бележи 384,4 милијарди дистрибуции на апликации, што е зголемување од 120% во однос на 2019 година.
Покрај тоа, trivago и Huawei заеднички ќе развијат решенија за прикажување спонзорирани резултати при пребарување на хотели во Huawei Petal Search и Petal Maps. Ова ќе им овозможи на корисниците на Huawei ширум светот директен пристап до нивните избрани даватели на решенија за патување, во рамките на непреченото корисничко искуство. Премиерата на trivago во Petal Search е на 29 октомври.
„Huawei е еден од светските лидери за мобилни уреди и технологии и ние сме исклучително возбудени што ќе соработуваме за да развиеме решенија за сместување како дел од Petal екосистемот“, вели Аксел Хефер, извршен директор на trivago. „Со заедничко развивање на функционалноста на Petal Search, Petal Maps и AppGallery, придонесуваме за севкупниот развој на решенија за патувања низ целиот свет.”
„Среќни сме што имаме можност да работиме со trivago, водечка глобална платформа за сместување и споредби на цени. Веруваме дека ова партнерство ќе овозможи заедно да понудиме првокласни решенија на пазарот”, додава Вилијам Тијан, претседател на Huawei Consumer Business Group за Западна Европа.