Grow Up Fast & Revitalizing шампонот и кондиционер ја ревитализираат косата и овозможува нејзин побрз раст
- Детали
- петок, 29 октомври 2021
Независно од тоа каква коса имате, густа или ретка, долга или кратка, под влијание на неповолните надворешни услови и стресот се намалува квалитетот на косата, ослабнува коренот на влакното, па не ретко доаѓа и до несакано опаѓање на косата. Покрај од генетиката, квалитетот на косата зависи од правилната нега и од изборот на козметика.
Пазарот е преплавен со производи, што ни создава хаос при изборот. Во вакви услови најдобра препорака за еден производ се искуствата на корисниците, и секако искуствата на професионалните фризери кои секојдневно се во контакт со своите клиенти. Според професионалниот фризер Даниел Пауновски од Куманово, ефикасноста на Grow Up Fast & Revitalizing шампонот и кондиционерот е исклучителна. Коментарите и од моите клиенти се позитивни, бидејќи нивната коса брзо се ревитализира, станува поздрава и најважно од се, со драстично намалено опаѓањето на влакната. топло го препорачувам на сите колеги фризери!
Здравата и негувана коса е најсилниот “адут” на една жена. Кога таа е негувана, сјајна и здрава, жената е полна со самодоверба, и секако добро расположена. Тогаш е се полесно, па дури може да обрне помалку внимание и на гардеробата!
Шампонот и кондиционерот Grow Up Fast & Revitalizing не оставаат мрсна трага, косата многу полесно се чешла и за кратко време, видлива е подолга коса. Активните состојки на овој професионален шампон ја негуваат, ревитализираат, ја намалуваат сувоста и кршливоста на влакното и драматично брзо поттикнуваат раст на косата. Наменет е за секој тип на коса! Ги содржи ефикасните состојки Биотин и Карнитин.
Биотинот - Витаминот Б7 врши синтеза на протеини, јаглени хидрати и масни киселини и притоа го зголемува нивото на кератин кој потикнува раст на косата. Карнитин е состојка која се наоѓа природно во телото и помага да се зајакне коренот на косата
Grow Up Fast & Revitalizing кондиционерот пак ја негува косата додавајќи и еластичност во борбата против кршењето и поделбата на врвовите на влакното, помагајќи поздраво растење на косата.
Шампонот и кондиционерот се создадени со патентирана Anti-Hair Loss технологија со биотин, карнитин и креатин. Не содржат сулфати, парабени и палминово масло.
Производите можат да се најдат само во професионалните фризерски салони и специјализираните продавници за нега на коса.
Вреди да се проба!