Атлантик Група: Значаен раст на приходите и профитабилноста во првите девет месеци
- Детали
- четврток, 28 октомври 2021
Со 9,3% раст во однос на 2020 година посебно се истакнува органскиот раст од преку 10% во споредба со претпандемската, рекордна 2019 година.
Атлантик група во првите девет месеци од 2021 година забележа приход од продажба во износ од 566,4 милиони евра, што во однос на истиот период лани претставува раст од 9,3%, и цели 10,1% повеќе отколку во претпандемската 2019 година, кога Атлантик оствари рекордни резултати. Приходот без камата, данок и амортизација (EBITDA) изнесува 89,0 милиони евра, што е без еднократната ставка од 6,2% повеќе отколку во првите девет месец од минатата година. Компанијата оствари нето приход од 53,3 милиони евра, што претставува раст од 13,9% кога ќе се исклучат еднократните ставки.
„Атлантик Група продолжува да остварува значаен раст на приходот и профитабилноста, и покрај сите предизвици со кои се соочуваме. Со одлични продажни резултати на сопствените и брендовите од принципал, пораст забележуваат сите деловни и скоро сите дистрибутивни области, благодарение на подобрата епидемиолошка ситуација на сите пазари, олабавувањето на мерките за борба против пандемијата и значајно подобрената туристичка сезона во Хрватска во однос на претходната година. Во пресрет на неизвесноста на развојот на пандемијата и низата предизвици кои се наоѓаат пред нас, продолжуваме со планираните инвестиции, меѓу кои се истакнуваат вложувањата во технологија во Атлантик Штарк, новиот облик на пакување и редизајнот на Цедевита, како и новата фабрика Аргета во околина на Вараждин. Задоволни сме што нашата стратегија досега покажа стабилност, а продолжуваме и да го следиме развојот на епидемиолошката ситуација и влијанието на новонастанатите околности на пазарот за да можеме соодветно да реагираме“, изјави претседателот на Управата, Емил Тедески.
Донат, Цедевита и Аргета со најголем раст
Најдобри резултати помеѓу деловните области оствари деловната област Донат, со раст од 15,2%, потоа стратешката деловна област Пијалаци, чиј носечки бренд Цедевита придонесе за раст од 10,7%, зад кои следуваат Деликатесните намази со доминатниот бренд Аргета и раст од 8,4%. Кафето, како поединечно најголема категорија учествува со 20,4% во вкупниот приход, а носечките брендови од оваа категорија Баркафе и Гранд кафе забележаа раст од 8,2%. Меѓу индивидуалните пазари, најголем пораст забележува Хрватска со 12,6%, БиХ со раст од 8,3% и Србија со раст од 8,0%. Сопствените брендови учествуваат со 63,5% во вкупната продажба, принципал брендовите со 27,5%, додека лекарскиот ланец Фармација е заслужен за 9,0% од приходите од продажба.
Нови погони, производи и награди
Првите девет месеци од оваа година ги обележаа лансирањата на два нови брендови – чоколадите Џими Фантастик и палетата на производи на база на овес Бум Бокс, кои успешно беа лансирани во март и април на пазарите во Хрватска и Словенија, со исклучително добри резултати од продажба. Во постоечкиот производен асортиман значајна промена настапи и со лансирањето на новото, редизајнирано и практично пакување на Цедевита, како и редизајнот на Аргета.
Во поглед на инвестициите, Атлантик Група во март започна со вложување во изградбата на нова фабрика за производи од пазарниот бренд Аргета во областа на општината Кнегинец во близина на Вараждин. Се работи за инвестиција во вкупна вредност од преку 50 милиони евра, а чија реализација на сите фази од проектот предвидува и отворање на 150 нови работни места. Во април Атлантик Група и Бери Калебаут, водечки светски производител на висококвалитетни производи од чоколадо и какао, потпишаа договор за соработка која ќе го унапреди производството на естаблираното портфолио во асортиманот чоколади на Атлантик, а Атлантик Штарк ќе го направи првиот стратешки партнер на фабриката на Бери Калебаут и нејзиниот погон во Нови Сад.
Атлантик Група и оваа година, по петти пат, ја доби наградата за односи со инвеститори, која се доделува во сработка со Деловниот дневник и Загребската берза. Исто така, според истражувањето кое го спроведе МојПосао, Атлантик е петтиот најпосакуван работодавач во Хрватска, додека во Словија во организација на порталот МојеДело беше прогласен за Најугледен работодавач во FMCG индустријата.