Подобрување на метаболизмот со правилна исхрана

Проблемите произлезени од метаболизмот се исклучително чести и затоа се почесто е прашањето како да се регулира. Кога се зборува за метаболизмот, се мисли на брзината и начинот на кој храната внесена во телото се претвора во енергија.

podobruvanje-na-metabolizmot-so-pravilna-ishrana-01.jpg

Поради постоењето на два вида метаболички процеси, енергијата во телото се однесува на два начина - едниот вклучува употреба на енергија за изградба на нови клетки и ткива, а другиот доведува до складирање на енергија во форма на маснотии во телото.

Забрзувањето на метаболизмот е главното прашање кога станува збор за овој процес. Проблемите со метаболизмот често значат проблеми со килограмите, но, исто така се поврзани и со расположението, енергичноста и виталноста на телото.

Имено, работата на метаболизмот во голема мера е последица на однесувањето, навиките и храната што се внесува. Правилен или доволно брз метаболизам значи доволно енергија во текот на денот, добра концентрација и фокус и потребата од повеќе оброци во текот на денот. Но доколку метаболичките процеси не се одвиваат според потребите на организмот, што може да доведе и до извесни здравствени последици, метаболизмот може да се забрза и коригира.

Правилна и редовна исхрана, физичка активност и внесување храна што му одговара на телото се начините за метаболизмот да се нормализира и дури забрза. Позитивно влијание на овој процес има Баланс+ јогуртот, така што со редовното консумирање метаболизмот може значително да се подобри и да функционира нормално.

Пробиотскиот јогурт Баланс+ е ферментиран млечен производ чии позитивни ефекти врз регулирањето на варењето и забрзувањето на метаболизмот се потврдени во клиничката студија која укажува дека со консумирање по 500 грама дневно во текот на 10 дена, се постигнува целосниот ефект од неговите својства.

podobruvanje-na-metabolizmot-so-pravilna-ishrana-02.JPG

Придобивките од Баланс + јогуртот се огледуваат во неговите нутритивни ефекти и пробиотските култури кои позитивно влијаат на воспоставувањето на целокупната рамнотежа во организмот. Пробиотиците во јогуртот позитивно влијаат на намалување на телесните масти, а значителен дел од протеините и влакната создаваат чувство на ситост а присуството на добрите бактерии во организмот, поттикнати од јогуртот ја намалуваат анксиозноста и стресот, а тие се и одлична основа за зголемена апсорпција на витамини и минерали.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg