Како барањата на современиот потрошувач ги диктираат трендовите во изгледот на производите?

Кога купувачот избира одреден производ, тоа го прави врз основа на многу критериуми, но првиот што му остава најсилен впечаток е - пакувањето. Токму тoa е „одговорнo“ за првиот контакт и не е чудно зошто производителите вложуваат многу труд да ги следат трендовите на пакувањата коишто ќе бидат актуелни во тековната година. Зашто, само оригинално дизајнирана амбалажа, различна од вообичаеното, ќе го привлече купувачот, а производот и брендот ќе се издвојуваат од мноштвото други стереотипни производи во продавниците.

kako-baranjata-na-sovremeniot-potroshuvach-gi-diktiraat-trendovite-vo-izgledot-na-proizvodite-01.JPG

Успехот на производот на пазарот во голема мера зависи од видот на пакувањето, дизајнот, квалитетот и исполнувањето на основниот услов да се зачува свежината и квалитетот на храната, односно да се заштити од сите хемиски, механички и микробиолошки влијанија.

А бидејќи животните навики на потрошувачите постојано се менуваат, тоа значи дека мора да се менува и дизајнот на пакувањата. Како и во секоја друга индустрија, и во прехранбената важно е дизајнот на пакувањата постојано да се развива за да ги разбере новите трендови и процеси во областа на одржливоста, технологијата и производството, истовремено земајќи ги предвид желбите и афинитетите на потрошувачите.

Токму трендовите во стиловите на дизајнот многу често предизвикуваат промени кои ги менуваат вообичаените карактеристични стилови во одредена категорија на производи. Поинаков пристап кон дизајнот веднаш го привлекува вниманието на потрошувачите.

Следејќи ги овие правила, познатиот бренд Слога, за своите најбарани производи подготви нови, модерно дизајнирани пакувања. Па така, секој производ од широката палета на замрзнатото месо сега имаат нов визуелен идентитет, со амбалажа специфична по боја и дизајн, што овозможува секој потрошувач лесно и брзо да може да одбере производ кој му е потребен.

Со новиот дизајн на пакувањата, компанијата се оддалечи од индустрискиот изглед што преовладува кај овој вид производи на пазарот, додавајќи повеќе бои и модерен дизајн на кој инаку не сме навикнати за месото и производите од риба.

Новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производ е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури, бидејќи ниската пропустливост на топлина и светлина е особено важна за замрзнатите производи.

Континуираното подобрување во работењето и постојано воведување нови производи според барањата на пазарот прават Слога Пром да биде прв избор на клиентите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg