Како иднината влијае на нашето минато: овие работи би можеле целосно да исчезнат
- Детали
- понеделник, 25 октомври 2021
Море промени се случуваат секојдневни во сите сфери од нашиот живот. Со овие промени се менуваат и нашите животни навики, се менува храната што ја консумираме, технолошките уреди што ги користиме…
Сосема е логично дека иднината ни носи големи промени и дека некои од работите што денес секојдневно ги користим, веќе утре би можеле да исчезнат. Еве неколку примери на она што многу брзо ќе биде на удар на промените.
Далечински управувач
Развојот на технологијата секако носи најмногу промени. Денешните деца не знаат што се касети или флопи дискови, што ги користеле нивните баби и дедовци. Наскоро истата судбина ќе ја има и далечинскиот управувач кој сè уште е омилено помагало за многумина. А како ќе се менуваат каналите? Сосема е јасно дека тоа ќе се прави со глас, односно со гласовни команди. Многумина веќе го користат Google Assistant кој место вас менува канали на радио станици, пребарува песни, ви кажува колку е часот и слично. Многумина се дружат и со Alexa, дигитален гласовен асистент на паметниот звучник Amazon Echo. Покрај слушањето наредби, Alexa може да купува за вас, да ве потсетува на важен настан, па дури и да го промени вашето расположение со избирање музика. Значи, сосема е реално да се очекува дека во блиска иднина ќе имаме свој асистент за префрлување програми, но и за многу други работи.
Цигари
Класичните цигари со филтер се веќе подолго време „излезени од мода“, како и самото пушење, бидејќи штетните ефекти од пушењето и цигарите одамна се докажани - непријатен мирис и пред сè штетното дејство врз здравјето што се должи на чадот од тутунот. Се претпоставува дека во следните 50 години цигарите целосно ќе исчезнат и ќе им отстапат место на подобри алтернативи. Некои од нив веќе се појавија и започнаа вистинска мала револуција во тутунската индустрија. Имено, пред неколку години во светот се појави IQOS – првиот уред за загревање тутун.
Тутунот во цигарите гори, додека во алтернативата како IQOS која користи вистински тутун истиот само се загрева, и за разлика од цигарите кај кои се создава чад што испушта повеќе од шест илјади супстанции, меѓу кои околу 100 се веќе познати како штетни и потенцијално штетни, IQOS не произведува чад, туку аеросол. Иднината без цигари, иако денес изгледа незамислива, веќе е на половина пат да стане реалност бидејќи луѓето се грижат за здравјето повеќе од кога и да е.
Полначи
Како што влегуваме во безжичниот свет, здодевните жици на кои се сопнуваме, всушност повеќе нема да имаат смисол. Што значи дека во многу скоро време нема да има потреба од нив. Всушност, веќе можете да нарачате безжични полначи од специјални веб-продавници, а во светот на Bluetooth, NFC и WiFi, би било навистина смешно да не можете да го полните вашиот мобилен телефон без жица.
Безжичното полнење се заснова на електромагнетно поле преку кое енергијата се пренесува на мобилниот телефон со електромагнетна индукција. Едниот калем ја претвора електричната енергија во електромагнетно поле, а другиот калем го претвора тоа поле во електрична енергија. Но, постои и ниво на безжичен полнач: некои модели веќе го користат процесот на електромагнетна резонанца, што всушност значи дека растојанието помеѓу полначот и мобилниот телефон може да биде поголемо, а исто така е можно да се наполнат неколку уреди одеднаш.
Приватност
Приватноста веќе сега полека исчезнува. Не само што самите споделуваме голем дел од нашата приватност со другите преку социјалните мрежи, туку едноставно и веднаш штом ќе се вклучиме на Интернет, нашата локација и навиките за купување се снимаат и се претпоставуваат одредени интереси врз основа на нашите активности. Во иднина, отпечатокот од прст или дури и потписот исто така би можеле да го заменат препознавањето лице, така што приватноста реално целосно ќе исчезне.