Иднината е тука и се вика Тропос Моторс
- Детали
- понеделник, 25 октомври 2021
Електричните комерцијални возила Тропос Моторс, кои се тотален хит низ Европа, конечно се достапни и на нашиот пазар.
Иновацијата во секторот на комерцијалните возила беше претставена од групацијата Мосолф, која го основа Тропос Моторс Европа.
Со отворањето на европското производство, се отвори и вратата за ширење на дистрибутивната мрежа низ целиот регион, каде што улогата на ексклузивен дистрибутер на електричните комерцијални возила Тропос Моторс на просторот на Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија ја презеде компанијата iHome d.o.o. од БиХ. Станува збор за сестринска компанија на iForm d.o.o. со долгогодишно искуство во производство на автоделови за реномирани европски производители на возила, која покрај ексклузивното право за дистрибуција, во голема мера учествува и во развојот на овие електрични комерцијални возила.
„Гледаме сѐ поголем потенцијал за продажба на потполно електрични компактни товарни возила на нашиве простори“ – изјави Илија Буковац, извршниот директор на iHome d.o.o. „Моментално, сите компании низ Европа бараат решенија за одржлив транспорт со нула емисии на гасови“. Според неговата проценка, Тропос возилата можат ефикасно да се користат во сектори како што се корпоративната индустрија, услугите со достава, градежништвото и ред други.
Многумина се изненадени со капацитетот на носивост на градското комерцијално возило, кој изнесува дури 700 кг, а може да се полни и на обичен штекер од 230 V, што претставува олеснителна околност за сопствениците.
А кој знае подобро да процени возило од познатиот автомобилист Јурај Шебаљ? Јурај е првиот човек на овие простори кој ќе го тестира возилото, а неговите први впечатоци ќе може да ги видите наредните денови на јутјуб каналот: AutoMarket.hr
Повеќе информации за компактните електрични комерцијални возила може да најдете на официјалната веб страница: www.ihome.ba, а тимот на Тропос може да го контактирате на мејл адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.