Уникатен, свеж и луксузен изглед - Нов бутик салон на „Божиновски часовници и накит“ на улица „Македонија“

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „петата авенија“, благодарение на новиот бутик салон на „Божиновски часовници и накит“, кој блесна со својот нов уникатен, свеж и луксузен изглед, подарувајќи му на Скопје место за патувачи и сонувачи на ниво на светските метрополи.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-01.JPG

„Новиот бутик салон со својата отвореност кон пешачката патека е концепиран на тој начин да биде целосно компактен со опкружувањето, на тој начин збогатувајќи го централното јадро на Скопје со амбиент кој што доликува на светските метрополи“, објаснуваат од Божиновски часовници и накит.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-02.JPG

Од Божиновски нагласуваат дека при создавањето на овој нов концептуален простор, не се воделе од тоа само да создадат импресивна презентација на познатите брендови кои ги застапуваат, туку во целиот процес од особена важност им била и креирањето на целосна уникатна приказна за посетителите, нудејќи им безвременско патување низ светот на прецизната механика и бесценетите дизајни на накит. Воедно, тука излозите не се повеќе презентациски простори туку сцена која се адаптира и трансформира создавајќи простор за  интеракција со минувачите и набљудувачите, мамејќи ги да се задржат и влезат во овој магичен свет измамувајќи им насмевка или воздишка.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-03.JPG

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-4.JPG

„Преку чистината на просторот, целта ни беше да ја надминеме границата на класична продажба и на посетителите да им понудиме сосема нова димензија и искуство при посетата на бутикот. Во музејски амбиент, посетителите имаат можност детално да се запознаат со брендовите, да се вљубат во пасијата со која истите се создавани и да ги откријат тајните на механизмите и високата естетика, од високо обучениот и посветен продажен персонал“, објаснуваат од Божновски.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-05.JPG

Прошетката започнува од врвната Omega и Tag Heuer, преку Longiness, Hamilton, Tissot, Calvin Klein и Breitling, сите гравитирајќи околу уникатниот Swatch центар, раскажувајќи ја вековната историја на швајцарската часовничарска индустрија.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-06.JPG

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-07.JPG

Дополнителна мистичност на целиот простор и неговата приказна му дава и изложбениот дел на сервисот, збогатен со историски парчиња на мебел и алат, кои во целиот амбиент му овозможува на посетителот да заборави на постоењето на времето. Во автентичниот сервис посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со тајните механизми на познатите швајцарски часовници.

„Круната на новиот простор, на што сме особено горди е  најновиот бренд, овој пат во сегментот на накит кој пак доага буквално од татковината на најсофистицираните дизајни- Италиа и тоа совршено се вклопува во приказната која заедно со нашите клиенти ја градиме изминативе децении. Станува збор за луксузниот бренд за накит; Damiani, кој сметаме дека е вистинско збогатување на центарот на Скопје  но и на нашиот пазар и веруваме дека ќе ги освои сите љубители на врвната естетика и дизајн“, велат од Божиновски часовници и накит.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-08.JPG

Но нештата треба да се доживеат со сите сетила, нели?

Затоа од Божиновски Ве покануваат во следните неколку денови да им се придружите на безвременско патување. Посетете го нивниот бутик на ул. Македонија и почувствувајте го нивниот универзум. Специјално за нивните посетители во периодот од 21 – 26 октомври врвните швајцарски часовници и италијански накит ќе може да се купат со 20% пониска цена специјално само за ова нивно заедничко патување и само тука.

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-09.JPG

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-10.JPG

unikaten-svezh-i-luksuzen-izgled-nov-butik-salon-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-na-ulica-makedonija-11.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg