Рециклирање е-отпад: 5 важни факти - Што сè треба да знаете за рециклирањето електронски отпад
- Детали
- понеделник, 18 октомври 2021
Глобалното движење за рециклирање е-отпад (и рециклирање воопшто) зема навистина голем замав и во нашата држава. Сè поголем број граѓани се вклучуваат во иницијативата на „Зелениот повик“ на природата за колку што е можно помалку отпад и колку што е можно повеќе зеленило.
Дознајте ги најважните и најзабавните факти подолу и преземете акција уште денес!
1. Првиот и можеби најважен факт што треба да го знаете е дека, технички, речиси 100 % од електронскиот отпад може да се рециклира! Дополнително, постојат навистина важни бенефити за околината и за светската економија од рециклирањето искористени мобилни телефони и друг вид електронски отпад.
2. Фактот број два, кој навистина е зачудувачки, покажува дека на светско ниво се исфрлаат над 50 тони електронски отпад секоја година. Со оглед на растот на технологијата IoT, со која освен лаптопи, таблети и телефони, потребно е да бидат поврзани мноштво други уреди (бела техника, машини...), за неколку години се предвидува дека бројот на уреди поврзани на интернет ќе достигне дури до 55 милијарди уреди. Замислете ја големината на тој отпад?
3. Рециклирањето е-отпад е неопходност, не е мода! Отпадот од мобилните телефони, лаптопите и таблетите е, всушност, „виновник“ за над 70 % од сиот опасен отпад што се впива во почвата. Дел од опасните состојки за околината што се дел од електронските уреди се: жива, олово, кадмиум...
4. Сите симболи не означуваат „рециклирај тука“!
Направи ја разликата помеѓу симболите поврзани со одлагањето отпад. Местата за рециклирање се означени со следниот симбол:
Останатите симболи, навидум слични, го имаат следното значење:
Симбол на пречкртана канта за отпад
Електронски отпад што не се одлага на вообичаени места за отпад и треба да биде соодветно селектиран.
Триаголник со празни стрелки, т.н. „Mobius loop“.
Овој симбол означува дека производот може да влезе во циклусот на рециклирање, но не дека бил рециклиран или дека по автоматизам ќе влезе во системот за рециклирање. Некогаш овој симбол се употребува со број на процент до него за да се означи процентот на рециклирани материјали од кои е изработен.
5. Каде и како да се вклучиш во рециклирањето е-отпад?
Лесно, во сите салони на А1 Македонија! Сè што треба да направиш е да го понесеш со себе твојот стар уред (телефон, лаптоп, таблет) и да го оставиш во специјално означениот простор за рециклирање е-отпад. За возврат ќе добиеш и еко-подарок со кој само ќе го продолжиш кругот на рециклирање.
Секој еден е важен во овој процес, затоа почни уште денес!