Да погледнеме кон иднината заедно!

Убаво е кога во корпоративен спот ќе се чујат познати ноти на безвременски хитови, како оној на Зафир Хаџиманов, „Како Вардар ќе дотечам“, искористен во најновиот спот на Комерцијална банка АД Скопје, со кој таа го најавува своето модернизирање и новиот визуелен идентитет.

da-pogledneme-kon-idninata-zaedno-01.JPG

Нивниот нов слоган ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО како да се појавува од сите нишки што ја покажуваат промената: во спотот сцените се полни со луѓе кои се секогаш тука да помогнат, да подадат рака, да се најдат кога е тешко. Тоа, како што објаснуваат од Банката, е потврда на нивната желба да се присутни тука секогаш кога нашите луѓе имаат потреба од неа.

Нејзиното 66-годишно постоење ѝ го покажало патот по кој треба да се движи и да ги подготвува своите финансиски услуги: „Комерцијална банка е наша банка за наши луѓе и бидејќи потекнуваме и работиме тука, лесно ги препознаваме и вреднуваме културните специфики на нашите луѓе, според кои и се обликуваме себеси. Затоа ни е полесно да им излеземе во пресрет за сите нивни потреби и проекти“.

Менувајќи се низ времето, Банката сега ги модернизира филијалите, услугите, логото, односно прави промена на целокупниот визуелен идентитет. И повторно ја потврдува вистината дека сите препреки се помали кога се поминуваат со заедничка поддршка. Затоа и велат: ЗАЕДНО Е ПОЛЕСНО.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg