Доволна количина на витамин Д - бенефит за целиот организам

Дождливите денови, без сонце и без прошетки под убаво ведро небо, не само што ја намалуваат енергијата, го намалуваат и присуството на витаминот Д, кој во текот на сончевите денови се акумулира во човековиот организам. Токму недостатокот на сончевиот витамин, знае да создаде проблеми врз физичкото и менталното здравје.

dovolna-kolichina-na-vitamin-d-benefit-za-celiot-organizam-01.JPG

Според анализите на здравствените работници во светот, речиси 1 милијарда луѓе имаат недостаток на витамин Д, а се смета дека пандемијата на недостаток на витамин Д трае веќе неколку децении. Овој факт предизвикува сериозна загриженост.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат доволно витамин Д многу поретко заболуваат од шеќерна болест, карцином, болести на срцето и крвните садови, како и од автоимуни болести.

Витаминот Д ја зголемува отпорноста против вирусни инфекции на дишните патишта, а доколку дојде до инфекција, болеста има поблаг тек, потврдуваат научните студии.

Светската пандемија на Ковид 19, за многу кратко го истакна на врвот витаминот Д, како витамин кој има силно влијание врз целокупното здравје. Според досега направените анализи, во текот на актуелната пандемија е забележана потешка форма на болеста кај пациентите со Ковид-19, коишто имале недостаток на витамин Д.

Поради сите овие факти и научни докази, од клучно значење е редовна суплементација на витаминот Д, која ќе го спречи неговото намалување и ќе придонесе кон постабилна имунолошка форма кај сите генерации.

Прехрамбените производи од животинско и растително потекло содржат релативно мало количество на витамин Д, затоа најсоодветно е тој редовно да се внесува преку таблети со кои организмот ќе ја прими потребна количина на витамин Д.

Крка, една од водечките генерички фармацевтски компании во светот, своето портфолио на високо квалитетни и ефикасни лекови го надополни со ВИТАМИН Д3 Крка, достапен како лек без рецепт.

dovolna-kolichina-na-vitamin-d-benefit-za-celiot-organizam-02.JPG

ВИТАМИН Д3 Крка е достапен во форма на таблети кои содржат 1000 IE (25 µg/l) холекалциферол (витамин Д3), што е препорачаната дневна доза за превенција и третман на недостаток на витамин Д.

ВИТАМИН Д3 Крка е лесен за употреба, има пријатен, неутрален вкус и не содржи конзерванси, бои, ароми и глутен.

Повеќе за производот може да прочитате ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg