Eucerin® претставува добитна комбинација во борба со дамките после акни!
- Детали
- петок, 15 октомври 2021
Новите производи од марката Eucerin® DERMOPURE помагаат против акни и дамки после акни и го намалуваат масниот сјај на кожата
Знаете ли дека акните се осмото заболување по честота во светот и се едно од најчесто среќаваните хронични воспалителни кожни заболувања? Мажи и жени на возраст меѓу 12 и 35 г. страдаат од акни во различни форми и најчесто емоционалните белези се далеку подлабоки и потрајни од физичките. Eucerin® им помага на луѓето да се борат успешно со акните со помош на ефикасните производи од линијата DERMOPURE. Линијата сега е дополнета со 2 нови и уникатни производи - DERMOPURE Серум со тројно дејство и DERMOPURE Заштитен крем-флуид SPF30, коишто се наменети за третман на активни акни и за третман на белезите од акни или т.нар. постинфламаторна хиперпигментација. Првите видливи резултати се забележуваат само после две седмици редовна употреба, а кога двата производи се користат во комбинација, ефикасноста е уште поголема.
Дамките од акни оставаат психички траги далеку подлабоки од трагите на кожата
Акните се придружна состојба во животот кај 95% од адолесцентите и кај 40%1 од возрасните. Колку порано започне нивното лечење, толку е поефикасна борбата со активната форма на заболувањето и спречувањето на последиците од нив. Силен емоционален стрес често ги следи акните. Тој сам по себе е во состојба да ги влоши, како и да предизвика ниска самодоверба и депресија, особено во пубертетот. Во тој период, социјалното прифаќање кое е под силно влијание на изгледот, за децата е од големо значење.
Тој негативен психолошки ефект ќе исчезне не кога ќе исчезнат само акните, туку и дамките после нив. Постинфламаторната хиперпигментација е потемна дамка што се формира на местото на воспалената акна, обично кога е изложена на сонце. Како по правило, тие исчезнуваат сами, но ова може да потрае со години, па дури и една деценија2. Овие дамки, пак, ги држат отворени емоционалните рани од периодот кога луѓето не се чувствувале удобно во својата кожа. Распространета низ целиот свет, постинфламаторната хиперпигментација има негативно влијание на самодовербата и квалитетот на животот на засегнатите.
Дермокозметичкиот бренд Eucerin® разработи Eucerin® DERMOPURE Серум со тројно дејство и Eucerin® DERMOPURE Заштитен крем-флуид SPF30, коишто успешно се борат со тој проблем, при што ефикасноста им е највисока при нивна комбинирана употреба.
Eucerin® DERMOPURE Серум со тројно дејство – ја содржи уникатната, патентирана состојка Thiamidol®. Таа делува против хиперпигментацијата уште на самиот почеток, третирајќи ја основната причина за нејзината појава – формирањето на пигментот меланин. Во рамките на 10-годишниот научен проект, Beiersdorf – компанијата зад брандот Eucerin®, испита и тестираше над 50 000 потенцијални состојки. Од нив Thiamidol® победи во големата конкуренција и по неколку години на пазарот веќе ја докажа својата способност да ги промени животите на луѓето со својата ефикасност против хиперпигментацијата.
Eucerin® DERMOPURE Серум со тројно дејство ефикасно го контролира масниот сјај на кожата и го намалува интензитетот на дамките после акни. Освен Thiamidol®, формулата содржи и салицилна киселина за намалување на акните, како и Licocalcone A за превенција на идна појава на акни и слични несовршености на кожата. Себум-регулирачката технологија ја остава кожата сува на изглед и добро матирана во тек на повеќе часови. Нанесувајте од немасната формула наутро и навечер на целото лице на чиста кожа. Корисниците ги забележуваат првите видливи резултати само после две седмици редовна употреба (два пати на ден) и забележуваат дека состојбата на кожата дополнително се подобрува со тек на времето, во периодот на препорачаниот третман од 12 седмици. Eucerin® DERMOPURE Серумот со тројно дејство се предлага во аптеките во пакување од 40 мл.
Eucerin® DERMOPURE Заштитен крем-флуид SPF30 - помага да се спречи потемнувањето на дамките после акни при изложување на сонце и го контролира масниот сјај на кожата. Содржи ефикасни филтри против ултравиолетовите зраци тип A и B, односно заштитен фактор од сонце 30. Антибактерискиот декандиол помага да се спречи појавата на нови акни, а Licochalcone A ја смирува иритираната кожа. Немасната формула без мирис содржи и себум-регулирачка технологија за долготраен сув ефект и матирана кожа. Нанесувајте го секое утро на чиста кожа и во тек на денот, толку често колку што е неопходно. Eucerin® DERMOPURE Заштитниот крем-флуид SPF30 се предлага во аптеките во пакување од 50 мл.
Корисниците изјавуваат дека освен видното подобрување на животот и смирувачкиот ефект, Eucerin® DERMOPURE Серумот со тројно дејство и Eucerin® DERMOPURE Заштитниот крем-флуид SPF30 покажаа највисока ефикасност против дамките после акни, во споредба со сите останати производи коишто некогаш ги користеле. „Комбинирата употреба на двата производи успева да ги отстрани дамките после акни“, изјавија 95% од корисниците.
По правило, дамките од акни избледуваат со времето, но тоа може да потрае неколку години до десетлетие. Производите Eucerin® DERMOPURE наменети за борба со дамките после акни го помагаат и го забрзуваат тој процес. Еднаш кога ќе исчезнат, малку веројатно е дамките да се појават повторно. Истовремено, за да спречите да се појават нови дамки од акни, ви препорачуваме да продолжите да ги користите производите, сѐ додека вашата кожа е склона кон несовршености.