Со квалитетно образование до подобра иднина

Водејќи се од своите компаниски вредности за општествена одговорност и грижа за идните генерации, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и оваа година доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство (ACBSP акредитирана).

so-kvalitetno-obrazovanie-do-podobra-idnina-01.JPG

Во ИутеКредит Македонија веруваме дека квалитетното образование отвора огромен број можности за професионална реализација на младите луѓе и затоа би сакале да овозможиме и оваа година наш стипендист да биде дел од Универзитетот Американ Колеџ.  

За академската 2022 година ИутеКредит обезбедува стипендија за постдипломски студии на Факултетот деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство. Оваа насока има интернационална ACBSP акредитација.

Конкурсот за стипендија ќе биде отворен од 14.10.2021 год. до 15.11.2021 год. Изборот на студентот кому ќе му биде доделена стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработениот краток есеј на тема “Влијанието на новите технологии во секторот финансии и банкарство”.

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани студенти да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.

Апликацијата може да се испрати на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а заинтерсираните може да прочитаат повеќе информации за стипендијата ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg