Една од најуспешните меѓународни компании отвора канцеларии во Македонија
- Детали
- вторник, 12 октомври 2021
Webhelp, позната како една од најуспешните меѓународни компании (во услужната дејност) која работи на Балканот, планира уште едно проширување, овојпат во Северна Македонија.
Претставниците од компанијата велат дека се многу возбудени за влезот на овој пазар, знаејќи го потенцијалот на оваа земја и фактот дека можат да станат важен фактор во областа на вработувањето, како и да им дадат шанса на младите, амбициозни луѓе да созреат во нивната професионална кариера и да постигнат што е можно повеќе кога станува збор за заработување и плата.
Како голема компанија, приоритетот на Webhelp е нивните вработени да се чувствуваат како дел од големото семејство наречено Webhelp, што сигурно ќе ја зголеми нивната љубов кон компанијата бидејќи, знаете како велат: „Сакајте го она што го работите и нема да работите ниту еден ден од животот“.
Целта на компанијата не е само соработка, туку раст и создавање силна врска со вработените.
Влезот во Северна Македонија ќе им даде нови можности на сите во регионот кои зборуваат германски јазик.
Земајќи ја предвид европската култура што ја нуди оваа компанија, повеќе од сигурно е дека Webhelp ќе ги понуди најдобрите услови што може да ги побара еден вработен од работното место.
За краток период, Webhelp ќе се осигури дека нивните вработени ќе работат во можеби најиновативните и најудобните канцеларии во државата, канцеларии за кои планираме да имаат сопствена теретана, лекарска ординација, соби за молитва, соби за игри и многу забава.
Па, ако зборувате германски, или знаете некој што зборува, и би сакале да биде/те дел од иднината на Webhelp, ве молиме посетете ја веб-страницата и контактирајте нè онлајн.
Од друга страна, ако не зборувате германски, но сакате да дознаете повеќе за Webhelp и другите можности, ве охрабруваме да нè контактирате и да разговараме.
Кој знае каде може да нè однесе тој разговор!