Модерни пакувања за докажано најквалитетните Слога Пром производи
- Детали
- вторник, 12 октомври 2021
(Кавадарци, 12.10.2021) - Производите со докажан квалитет на познатиот бренд Слога Пром, во продавниците ширум земјава наскоро ќе бидат во ново, модерно дизајнирано пакување. Секој производ од широката палета на внимателно замрзнатото месо сега имаат нов визуелен идентитет, со амбалажа специфична по боја и дизајн. Со тоа секој потрошувач лесно и брзо може да одбере производ кој му е потребен.
Новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производи е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури, бидејќи ниската пропустливост на топлина и светлина е особено важна за замрзнатите производи.
„Подобрувањето на производите и поместувањето на границите на категоријата во која работиме отсекогаш бил приоритет во корпоративната стратегија на Слога Пром. Континуираното подобрување во работењето и постојано воведување нови производи според барањата на пазарот прават да бидеме прв избор на потрошувачите. Во таа насока е и воведувањето нов дизајн на пакувањата, со што се оддалечивме од индустрискиот изглед што преовладува кај овој вид производи на пазарот, и додадовме повеќе бои и модерен дизајн на кој инаку не сме навикнати за месото и производите од риба. Со новиот изглед на амбалажата продолжуваме да ја следиме нашата поставена визија за инвестирање и следење на трендовите и барањата на потрошувачите. Со оваа нова инвестиција уште еднаш ја нагласуваме нашата позиција како најдобра компанија во својата категорија“, вели Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога Пром.
Слога Пром од Кавадарци е компанија која над 30 години е присутна на македонскиот пазар и перманентно работи на задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна и здрава храна. Портфолиото на компанијата е богато и разновидно, исполнето со тоа што е барано на пазарот и од потрошувачите. Пакуваните производи под брендот Слога вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо. Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3.500 тони. Исто толку разновидна е и понудата од рефусни производи како пилешко, свинско и јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла.