Признанија за „Најдобри во агробизнисот“ за Факултет за Ветеринарна медицина Скопје
- Детали
- петок, 08 октомври 2021
Од 18. до 24. Септември во Нови Сад, Република Србија се одржа 88. Меѓународен саем за земјоделство, најголемиот саем за агробизнис во Југоисточна Европа, на кој се собраа повеќе од 800 излагачи од 17 земји. Земја партнер на овогодинешниот саем беше Република Чешка.
На овој реномиран настан, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го освои специјално признание за “Меѓународен допринос во агробизнисот” при оценувањето на квалитетот на услугите како високобразовна и научноистражувачка институција во категоријата “Најдобри во aгробизнисот”.
Покрај наградата која ја освои Факултетот, специјална награда беше доделена и лично на проф. Д-р Лазо Пендовски за развој на едукативно-истражувачките капацитети и лаборатории по ИСО 17025 на Факултетот, за заштитата на здравјето на животните и безбедноста на јавното здравје.
Со доделените признанија за квалитет, Факултетот се стекна со право на користење на логото на Новосадскиот саем за промоција на квалитетот на услугите. Овие признанија се најголема потврда за значењето и улогата на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје како државна институција која во изминатите 30 години континуирано се грижи за безбедноста на здравјето на животните и луѓето, нудејќи квалитетна едукација и врвни лабораторски услуги за здравствената заштита на животните како и грижа за безбедноста и квалитет на храната која ја конзумираат нашите граѓани.
Добиените награди, посебно од институции од странски држави како Србија и партнер земјата Чешка, преставуваат голема чест, признание и потврда за високо развиените капацитети за едукација, истражување и лабораториски услуги кои ги има Факултетот, кој и понатаму ќе продолжи да ги унапредува и развива како еден од најдобрите факултети во Република Северна Македонија.