Кажете им збогум на лошите животни навики со само 3 алтернативи за подобар живот
- Детали
- петок, 08 октомври 2021
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте.
Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Понекогаш е потребно време за промените да прераснат во навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно долго, тие можат да станат дел од вашата рутина, подобрувајќи и зачувувајќи го вашето здравјето и здравјето на вашата околина.
Повеќето експерти инсистираат на „забрането “ и „престанете“, но кога се соочуваме со таков избор, тешко е да се следат советите, особено кога станува збор за работи што ги сакаме или кои се дел од нашите животи многу долго време. Но, што ако се фокусираме наместо на „забрането“ и „престанете“, на „воведување докажани алтернативи“ и на „информирај се“?
Експертите секогаш наведуваат дека дури и малите промени или замената на навиките со оние за кои е докажано дека се подобри во исхраната и начинот на живот воопшто, водат до речиси моментални подобрувања и дека секоја мала работа што ќе ја промените на подобро е голема придобивка за вашето здравје.
Еве три основни навики што треба да ги промените што е можно поскоро.
1. Исхрана
Не мора да зборуваме за тоа колку се штетни шеќерот, белото брашно и солта. Ние дури и не треба да зборуваме за тоа колку е тешко да се откажеш од сето ова, особено ако се обидеш да го сториш тоа одеднаш. Кризата предизвикана од недостаток на шеќер или производи од бело брашно е позната главно на сите што се откажале, и секој оброк без сол, барем на почетокот, е благ и без вкус. Наместо целосно, нагло откажување, воведете постепени промени. Дали ставате две лажички шеќер во кафе? Ставете една. Солени јадења со половина мерка помала од вообичаеното. Измешајте бело брашно со поздраво брашно од 'рж или интегрално брашно. Постепено намалете ја количината на шеќер, брашно и сол во вашата исхрана и заменете ги со подобри алтернативи: стевиа, киноа или мешавина од зачини. Првите езултатите ќе ги видите по само неколку дена.
2. Пушење
Сѐ поголем е притисокот од општеството врз пушачите да се откажат од оваа штетна навика, која влијае не само на нив, туку и на околината. Пред околу 40 години, научниците утврдија дека проблемот со пушењето е согорувањето, бидејќи ослободува повеќе од 6.000 штетни материи, од кои речиси 100 се канцерогени. Неодамна, благодарение на развојот на науката и интересот на тутунската индустрија да обезбеди алтернативи на класичните цигари, се појавија уреди како што е IQOS на Филип Морис што го загреваат, а не го горат тутун. Секој што поради некоја причина не може да престане да пуши, со користење на овој уред практично не произведува чад и со тоа драстично ја намалува штетата за себе и за околината. За овој производ дури и Агенцијата за храна и лекови на САД во јули минатата година потврди дека информирањето на потрошувачите за намалена изложеност на штетни материи при користење на IQOS е во согласност со промоцијата на јавното здравје.
3. Движење
Американското здружение за кардиологија препорачува минимум 30 минути умерена активност (брзо одење) пет дена во неделата или 25 минути вежбање со висок интензитет (трчање) три пати неделно. Можеби изгледа речиси невозможно да го вклучите ова во зафатениот распоред, но започнете полека. Наместо да возите до работа, паркирајте го возилото малку подалеку, а потоа пешачете. Излезете од лифтот два ката пониско од оној на кој одите. Или користете комерцијална пауза за време на филмот за да направите една од физичките вежби. Запомнете, ова е трка на долги растојанија и секој напор се брои.
Како да се осигурате дека трајно ќе се држите до променетите навики? Слушајте го вашето тело, прилагодете ги советите на експертите кон своите потреби и можности, бидејќи сепак најдобро знаете што има позитивно влијание врз вас. Не бидете строги кон себе, дури и ако се вратите на навиките за кои мислевте дека сте ги оставиле, обидете се да размислите зошто не успеавте и обидете се повторно.