Наскоро премиера на 10-та Симфонија на Бетовен завршена од вештачка интелигенција
- Детали
- среда, 06 октомври 2021
За да ја одбележи 250 годишнината од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком организираше тим од меѓународни експерти да ја довршат недовршената 10-та Симфонија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција.
Една година по 250-от роденден на големиот композитор, неговата 10-та Симфонија е завршена со помош на вештачка интелигенција и ќе има премиера во Телеком Форумот во Бон.
Приказната за 10-та симфонија
Кратко пред смртта, Бетовен започнал да работи на 10-та Симфонија, но делото останало недовршено. Под водство на Др. Матијас Родер, Директор на Карајан институтот, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Вештачката интелигенција Бетовен“ која „го разбира“ стилот на овој славен композитор.
Вештачката интелигенција „работеше“ не само со композициите и белешките на Бетовен за 10-та Симфонија, туку и со дела на други композитори и музичари кои докажано го инспирирале и влијаеле врз Бетовен за време на неговиот живот, како на пример Јохан Себастијан Бах. Заедно со експертите, алгоритамот го продолжи последното негово недовршено дело. Експериментот кој беше тема на дебата имаше за цел да одговори на прашањето - дали алгоритмите можат да бидат креативни и да ги заменат луѓето во уметноста.
Наскоро - светска премиера во живо
Светската премиера на симфонијата ќе се одржи на 9 октомври во Телеком Форумот во Бон. Премиерата ќе биде емитувана и во живо. Краткиот аудио клип кој може да се слушне овде им овозможува на слушателите да го добијат првиот впечаток за завршената композиција.
Повеќе информации ТУКА.