Легендарниот мајстор за пилешко пристигна во Македонија
- Детали
- петок, 01 октомври 2021
Долгоочекувано, за прв пат и ексклузивно! Такво беше доаѓањето на светски познатиот мајстор за пилешко, Полковникот Сандерс, кој конечно пристигна во Македонија. Вчерашниот ден беше особено возбудлив за сите оние кои беа дел од настанот во ресторанот KFC Автокоманда каде посетителите ексклузивно имаа прилика лично да се запознаат со Полковникот Сандерс, да ја слушнат неговата приказна и да го пробаат неговиот оригинален рецепт.
Легендарниот Полковник Сандерс е човекот кој стои позади приказната на KFC, најпознатиот ланец на ресторани за пилешко. Не случајно, неговиот лик е заштитен знак на брендот и е присутен на нивното официјално лого. Сандерс бил обичен човек кој на свои 50 години го создал уникатниот, таен рецепт од 11 тајни билки и зачини кој до ден денес остана непроменет.
Неговиот претприемачки дух, љубовта кон добрата храна и кон угостителството го поттикнаа во далечната 1930та да отвори свој мал ресторан на бензинска пумпа во Кентаки кој стана толку успешен што го означи стартот на глобалната KFC приказна. Оригиналните вредности, карактерот и филозофијата на Полковникот Сандерс се принципите според кои KFC рестораните работат до ден денес.
Денес, илјадници љубители на овој рецепт, насекаде во светот, велат дека тоа е највкусното пилешко што некогаш го пробале. Но, која е тајната? Клучот е во 11-те тајни билки и зачини што ја даваат таа неодолива арома, мирис и вкус. А, од друга страна, и оригиналната “hand made” подготовка со која на секое парче му се дава специјален третман и внимание. Никаде во светот нема да пробате пилешко месо што е толку крцкаво однадвор, а совршено меко во внатрешноста, квалитет кој експертите го нарекуваат Golden Chicken Standard.
„Ни претставува голема чест и задоволство што успеавме да го креираме ликот на Полковникот Сандерс и да ви го претставиме тука, во Македонија. На тој начин македонските љубители на оригиналниот вкус ќе имаат можност да ја доживеат неговата уникатна приказна и да се запознаат со темелите и вредностите кои брендот ги носи уште од своите почетоци” – велат од KFC Македонија.
На вчерашниот настан беа присутни и дел од нашите познати блогери и инфлуенсери кои со јавноста ја споделија атмосферата и разговараа со Полковникот за тајните на неговиот рецепт и неговата инспиративна приказна.
„Време беше да дојдам и да се запознаам со македонската јавност. Ги гледам и им се радувам на сите насмеани лица кои презадоволни доаѓаат во рестораните. Она што можам да ви ветам е дека без разлика дали ќе земете кофичка, бургер, врап или десерт, јас ќе се погрижам сето тоа да е “Finger licking good!” – вели Полковникот Сандерс.
Со цел да се запазат протоколите, настанот беше ексклузивен и со ограничен број на гости, но Полковникот Сандерс најавува уште многу активности во наредниот период, па ви препорачуваме да се движите “будно” по улиците каде можеби случајно ќе наидете на овој легендарен лик.
Погледнете дел од фото галеријата од вчерашниот настан: