Бимилк со вклучување во иницијативата Донирај компјутер повикува на поддршка од компаниите за социјално загрозени семејства

Битолска млекара подари iPad-и за социјално загрозени семејства со цел да даде придонес кон обезбедување опрема што повеќе деца непречено да ја следат училишната настава. Целосно функционалните таблет уреди се доставени преку платформата Донирај компјутер до семејствата кои имаат потреба од ваква опрема, а не можат да обезбедат.

bimilk-so-vkluchuvanje-vo-inicijativata-doniraj-kompjuter-povikuva-na-poddrshka-od-kompaniite-za-socijalno-zagrozeni-semejstva-01.jpg

Платформата Донирај компјутер е иницијатива за донирање користена но исправна и оперативна компјутерска опрема, со мисија да им се овозможи на децата непречено образование за време на пандемијата. Платформата функционира преку воспоставен систем на нивната Фејсбук страница „Донирај компјутер“ каде секој што има потреба се пријавува и обезбедува потврда од институција дека е од социјален ризик.

Со оваа донација Битолска млекара ја поздравува иницијативата Донирај компјутер како исклучително корисна и повикува и други компании да се вклучат и да ја поддржат, затоа што денешното живеење не може да се замисли без компјутер, а со појавата на пандемијата, се зголеми потребата за поседување компјутерска опрема во секој дом, посебно заради неопходноста при учење од далечина.

Како одговор на таа потреба, освен оваа донација, во текот на изминатиот период откако започна онлајн наставата, Битолска млекара донираше лаптопи и за децата од СОС Детско село.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg