Добивки се нижат на хуманитарните тикети од MOZZART – Стигна помош во Битола
- Детали
- четврток, 30 септември 2021
Македонскиот е-репрезентативец Давид Гаревски имаше желба да ја насочи донацијата во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
Две донации за Скопје, една за Тетово, па две за Битола! Хуманите типувачи продолжуваат да нижат добитни тикети во акцијата на MOZZART – Хуманитарен тикет за викенд, а по Домот за деца без родители и ЈЗУ Клиника за детски болести во главниот град, помошта стигна и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Добивката од 24.611 денари, македонскиот е-репрезентативец Давид Гаревски имаше желба да ја насочи токму во оваа установа.
Претставниците на компанијата MOZZART го посетија Домот и врачија техничка опрема на лицата кои секојдневно се трудат на најмладите да им обезбедат љубов, нега, едукација и сите услови за правилен развој.
„Од исклучителна важност ни е секоја помош насочена во оваа установа, посветена на најмалите дечиња и доенчиња. Голема благодарност до компанија Mozzart за оваа донација, како и до типувачот Давид Гаревски, кој добивката од тикетот ја насочи во хуманитарни цели токму кај нас.” – изјави директорката на домот, Елена Николовска.
Во акцијата Хуманитарен тикет учествуваа многу познати спортисти и јавни личности, меѓу кои: Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски возач Игор Стефановски Иџе, водителката Лила Филиповска, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и многу други.
„Акцијата Хуманитарен тикет за викенд се реализира повеќе од две години. До сега спортистите беа најуспешни, добитни тикети имаа фудбалерите Остоја Стјепановиќ и Благоја Тодоровски и ракометарот Филип Кузмановски. После Скопје и Тетово, нашата хуманитарна мисија ја продолживме во Битола, каде што ќе имаме и уште една донација. Музичарот Славчо Јовев оствари добивка, а помошта ќе биде насочена кон Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености Кочо Рацин.” -изјави Мики Златески, менаџер за Корпоративни процеси во Mozzart.
Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд до сега се собрани околу 250.000 денари кои компанијата MOZZART ги донираше во добротворни цели, а во текот на декември во месецот на хуманост, влоговите кои ги даваше компанијата за секоја недела беа загарантирана добивка. Вкупниот фонд од месецот на хуманост од 90.000 денари е уплатен во Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.