Истанбул ја обедини регионалната бизнис елита до 40 години

Во свечена атмосфера во луксузниот Swissotel The Boshphorus во Истанбул, Business Elite Awards ја организираше церемонијата за доделување награди за најамбициозните и најуспешни млади претприемачи и менаџери под 40 години.

istanbul-ja-obedini-regionalnata-biznis-elita-do-40-godini-01.JPG

Присутните имаа чест да им се обрати Претседателот на советодавниот одбор, г-нот Дамјан Даскалоски во кое истакна:

„Со нетрпение чекав да ви го кажам ова: ЧЕСТИТКИ! Од денес сите ние сме пријатели и колку повеќе заеднички дејствуваме како дел од ова елитно бизнис окружување, толку поуспешни и посреќни ќе бидеме во иднина. Во САД имаме советодавно тело (Advisory Board), кое и покрај потешкотиите предизвикани од пандемијата, најде начин да ги разгледа сите доставени номинации и среќен сум што конечно сум со вас.

Заедно со останатите членови на бордот, Khaled Mustafa, Stojanche Vanev, Lenin Herrera и Michael Sema, и регионалниот директор д-р Виктор Ѓорѓиески го направивме ова за да дадеме придонес во процесот на имплементирањето на западните вредности и во нашиот дел од светот.

Нашите заложби не застануваат тука. Вие кои станавте и членови на ексклузивниот “Executive Club” во иднина ќе можете и да се приклучите и на платформата за менторство која ја развививаме во моментот, а преку неа ќе имате пристап до програмите преку кои ќе можете да размените знаење и искуства во областите од интерес, но исто така и да нудите сопствени менторски услуги на останатите членови на клубот од областа во која сте самите експерти. На крај, се радувам што ја чувствувам уникатната енергија која ме уверува дека – заедно, ќе успееме да создадеме еден поуспешен свет!“

istanbul-ja-obedini-regionalnata-biznis-elita-do-40-godini-02.JPG

По завршувањето на церемонијата, следеше и гала вечера организирана ексклузивно за добитниците на престижните признанија Business Elite’s “40 Under 40” кои се воедно и членови на “Executive Club”. Добредојде во клубот на новите членови им посака г-нот Христо Кондовски, кој е член на овој елитен бизнис клуб од 2019 година. Покрај тоа, за време на гала вечерата беше промовирана и новата Android/IOS мобилна апликација. Она што е најзначајно да се потенцира дека, организаторите, и покрај сите потешкотии предизвикани од глобалната пандемија, успеја да ја соберат на едно место бизнис елитата од целиот регион и успешно да одговорат на предизвикот кој со себе го носи лидерското место на пазарот во оваа категорија.  

istanbul-ja-obedini-regionalnata-biznis-elita-do-40-godini-03.JPG

Како што е веќе добро познато, ексклузивната “40 Under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за младите бизнис лидери, оние до 40 години. Со стекнувањето на ова признание, покрај тоа што е препозната амбициозноста кај младите претприемачи и менаџери, се дава и допонителен стимул за продолжување на посветеноста и пожртвуваноста, со што би била загарантирана нивната блескава кариера и огромните успеси во светот на бизнисот во иднина. Секако, тоа е и дополнително потпомогнато со нивното членсто во екслузивниот Business Elite’s “Executive Club”, каде и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.

istanbul-ja-obedini-regionalnata-biznis-elita-do-40-godini-04.JPG

Помеѓу присутните во Истанбул се најдоа и следните македонски претпримачи/менаџери: Бесник Исаки (БЕ-ДА Логистикс), Бранко Стојкоски (НЛБ Банка), Олгица Стојимировиќ (Промоиталиа), Стефан Николиќ (Cammeo), Олга Јосевска (ЛПП), Филип Димитровски (ТИГО), Валентина Динова (Хелен Дорон), Радован Витошевиќ (myWorld), Никола Мариновски (Кули) и Вилма Учета Дузлевска (Триглав).

istanbul-ja-obedini-regionalnata-biznis-elita-do-40-godini-05.JPG

Номинациите за “40 Under 40” наградите за 2022 година ќе бидат отворени во ферувари следната година.

ВИДЕО – ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ГАЛА ВЕЧЕРА

ГАЛЕРИЈА – ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

ГАЛЕРИЈА – ГАЛА ВЕЧЕРА И ВМРЕЖУВАЊЕ

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg