На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

(Скопје, 22.09.2021) - На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.

na-halk-velo-green-od-233-uchesnici-se-sobraa-184-500-denari-nameneti-za-poshumuvanje-01.JPG

Овие средства од котизациите од пријавите за учество во трката, ќе бидат искористени за засадување на нови зелени површини на локации низ Северна Македонија кои ќе бидат дефинирани во соработка со Македонски шуми. Со финансиските средства коишто беа собрани од ланското учество се набавија 8 000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе.

Велосипедската трка која по вторпат се одржува во целосна организација на Халкбанк АД Скопје, има за цел да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесе кон зачувување на животната средина.

na-halk-velo-green-od-233-uchesnici-se-sobraa-184-500-denari-nameneti-za-poshumuvanje-03.JPG

Годинава, за учество во Halk Velo Green за првпат беше воведена категорија за деца од 6 до 12 години кои возеа 12 километри, како и категорија деца од 13 до 17 години кои возеа патека во должина од 22 километри. Додека пак, возрасните лица, како и лани возеа патека во должина од 22 километри во две категории, ПРО и ХОБИ.

na-halk-velo-green-od-233-uchesnici-se-sobraa-184-500-denari-nameneti-za-poshumuvanje-02.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg