По Лондон, Берлин, Москва - европскиот бренд Reserved конечно и во Скопје!
- Детали
- среда, 22 септември 2021
Утре 23 септември, од 13 часот во Скопје Сити Мол ќе се отвори првата Reserved продавница во земјава.
Овој бренд е достапен во 25 земји и има мрежа од над 440 продавници, со водечки продавници во главните градови на модата, Лондон, Берлин, Москва и Тел Авив. Покрај своите уникатни дизајни кои ја комбинираат убавината на класичните дизајни со оригинални и храбри модни предлози, Reserved е познат е по нивните кампањи во кои учествуваат познати лица како Кејт Мос, Синди Крафорд, Ае двоа Абоа, Ирина Шајк и Кендал Џенер.
Иако Reserved е млад бренд на светскиот пазар, брендот силно верува во својот идентитет што расте постојано и го прави уникатен. Reserved ги слуша своите купувачи и постојано учи од нив, што е заслуга и за неговиот успех досега. Инвестирањето во дизајнот и обрнувањето на посебно внимание на овој елемент во нивните колекции го прави брендот уникатен и со посебна храбра енергија. Неодамна брендот почна да соработува со талентиран тим од целиот свет, а отворањето на водечка продавница на улицата „Оксфорд“ во Лондон е дел од процесот на дефинирање на идентитетот на Reserved.
Reserved е дел од групацијата LPP SA, корените на брендот се во Источна Европа, поточно Полска – земја што секогаш била помеѓу Западот и Истокот. Токму во Гдањск – град покрај Балтичкото Море – се оформи брендот Reserved пред 22 години, од мала семејна компанија. Со само дваесет квадратни метри, првата продавница на брендот била колку просечна спална соба. Денес, нивните продавници се со површина од 1.500 до 5.000 квадратни метри, првата продавница во Скопје ќе биде со површина од 1 700 квадратни метри. По отворањето на првата продавница во Скопје Сити мол, ќе следи и продавницата во Ист Гејт мол Скопје.