Добре дојдовте во East Gate Living: урбано живеење во новото срце на градот

На денешната неформална средба одржана помеѓу менаџментот на Skopje East Gate и претставници на медиумите беше претставен East Gate Living, новиот модерен концепт на домување.

dobre-dojdovte-vo-east-gate-living-urbano-zhiveenje-vo-novoto-srce-na-gradot-01.JPG

Конечно, добри вести за сите што се во потрага по клучна промена во начинот на живеење во Скопје. На само 5 минути од центарот на Скопје и истовремено на помалку од 3 минути од парк-шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визионерски проект во изградба позициониран веднаш до East Gate Mall на улицата Беласица, кој во најмала рака ветува коренити промени во начинот на живеење во метрополата.

Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, East Gate Living е одговорот на потребата од нова визија во живеењето, потребата од квалитетен, активен живот и потребата од широк поглед на природата околу себе.

Бројот на планирани станбени единици во East Gate Living во првата фаза на изградба е 672, а тоа е повеќе од 50 % од вкупниот број завршени станови изминатата 2020 година. Токму оваа градежна динамика е во тесна поврзаност со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.

dobre-dojdovte-vo-east-gate-living-urbano-zhiveenje-vo-novoto-srce-na-gradot-02.JPG

Една од уникатните карактеристики е чистото опкружување околу зградите и детално планираниот простор, при што паркинзите се лоцирани под зградите на паркинг-простор, кој брои 818 паркинг-места, а дополнително на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 паркинг-места.

Едни од урбаните „виновници“ за живеењето во East Gate Living во поинаков, модерен такт и динамика се светски познатите и наградувани Yazgan Studio од Анкара, предводени од двоецот Керем Јазган и Бегим Јазган. Проектите на ова студио се познати по својот отворен дизајн на ентериери чиј приоритет е светлина, просторност и премиум материјали.

dobre-dojdovte-vo-east-gate-living-urbano-zhiveenje-vo-novoto-srce-na-gradot-03.JPG

За прв пат во нашата земја, идните станари на East Gate Living ќе може да го почувствуваат ритамот на урбаната синергија, спојот на убавината и функционалноста, зеленилото и пространоста. Изборот на станови од 42 м2, па сè до дуплекс станови до 210 м2 ветува разноликост и динамика каква што досега оваа метропола, па и овој регион немаат засведочено.

„Ние не градиме обична градба, празен простор за станување – со East Gate Living ние оформуваме нов начин на живеење, нова перспектива за секого. Секој метар од овој простор е совршено проектиран според сите светски стандарди. Знаеме дека просторот помеѓу зградите е неопходен: нашите блокови се на растојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно: зеленило проектиравме насекаде, а до нас е прекрасната парк-шума Гази Баба“, изјави Игор Давков, Извршен директор на Skopje East Gate.

dobre-dojdovte-vo-east-gate-living-urbano-zhiveenje-vo-novoto-srce-na-gradot-04.JPG

„Врвното шопинг-искуство на ултрапопуларни светски брендови е нешто што е долгоочекувано: до нас е регионалниот гигант East Gate Mall, во кој секое искуство е врвно, неповторливо. Сите вие, сегашни и идни сограѓани, добре дојдовте во иднината на урбаното живеење. Живејте во срцето на Скопје, во срцето на урбаната иднина“, додава тој.

Изградбата на East Gate Living, комплексот станбени згради стратешки позиционирани во новото урбано срце на градот, е во тек. Продажбата на станбен простор е веќе започната, а за да добиете повеќе информации за цените и предностите за живеење во East Gate Living, посетете ја страницата www.eastgateliving.mk или, пак, нивните профили на Facebook и на Instagram на социјалните мрежи.

East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, групацијата БАЛФИН е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Холандија, вработувајќи приближно 6 000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg