Меѓународниот балкански универзитет со стипендии за најуспешните матуранти во соработка со Универзитетот Аџибадем од Турција и Аџибадем Систина

(Скопје, 14.09.2021) – Меѓународниот балкански универзитет ќе додели стипендии за најдобрите матуранти за студии во соработка со престижниот Универзитет Аџибадем од Република Турција и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

megjunarodniot-balkanski-univerzitet-so-stipendii-za-najuspeshnite-maturanti-vo-sorabotka-so-univerzitetot-adzhibadem-od-turcija-i-adzhibadem-sistina-01.JPG

Стипендиите се движат од 50 до 100 отсто од целосната школарина во зависност од постигнатиот просечен успех во средно образование, а се однесуваат за Факултетот за дентална медицина и студиската програма Дентална медицина (студии во траење од 5 години) и Високата медицинска школа со студиските програми Медицинска сестра и Акушерка (во траење од 3 години).

Стипендирањето на најдобрите матуранти за Меѓународниот балкански универзитет претставува проширување на општествено одговорната функција, освен како образовна установа што создава квалитетни кадри, во давање директен придонес кон унапредување на македонското здравство преку обезбедување високообразовани професионални кадри на најдобриот приватен универзитет во земјава кој според последните податоци од Државниот завод за статистика за академската 2020/2021 година има најмногу студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата.

megjunarodniot-balkanski-univerzitet-so-stipendii-za-najuspeshnite-maturanti-vo-sorabotka-so-univerzitetot-adzhibadem-od-turcija-i-adzhibadem-sistina-02.JPG

„Обезбедувањето стипендии за матурантите за нас претставува начин да се отворат можности за врвно образование и квалификуван кадар кој ќе има прилика да се едуцира во модерен универзитет, со современо опремени лаборатории и врвни професорски кадри. Со достапноста на напредно медицинско знаење верувам дека создаваме трајни вредности за идните здравствени работници и директно придонесуваме за унапредување на македонското здравство. Особено е важно што оваа визија ја имплементираме во соработка со светски докажаната групација Аџибадем”, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.

Стипендирањето на најдобрите матуранти е овозможено во соработка меѓу Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Аџибадем од Турција и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Пријавувањето за стипендии е во тек и ќе трае до 22ри септември, а повеќе информации се достапни на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg