Со EVOLVE депозитот од Халкбанк остварете принос на вашата заштеда од 2,7 отсто
- Детали
- вторник, 14 септември 2021
Имате заштедено средства кои сакате да ви бидат на сигурно и згора на тоа на нив да остварите приход?
Идеално решение за вас е Evolve депозитот на Халкбанк со каматна стапка што расте на секои 6 месеци, со што за 24 месеци колку е предвидено минимум да трае орочувањето, можете да остварите принос од 2,7% за депозити во денари.
Кај овој производ Халкбанк нуди два типа депозити – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Evolve депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да одбере начин на орочување кој најмногу му одговара. Приносот од 2,7% е пресметан за Evolve депозит во денари со можност за дополнителни вложувања и рок на орочување од 24 месеци.
За двата вида депозити заедничко е што рокот на орочување е 24 месеци, каматните стапки се фиксни и се зголемуваат на секои шест месеци, каматата се исплаќа на крајот на периодот на доспевање, а штедењето може да биде во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра.
Evolve депозитот со можност за дополнителни вложувања нуди шанса за дополнителни уплати на депозитот, односно штедачот може да врши уплати кога сака и колку сака. Дополнителните уплати може да се прават преку електронско банкарство, на шалтерите и со траен налог. Депозитот не се реорочува автоматски при доспевањето, а во случај на предвремено раскинување на договорот, се пресметува камата по видување според Одлуката за каматни стапки на Банката.
Кај Evolve депозитот со можност за предвремено раскинување доколку дојде до предвремено раскинување на депозитот се пресметува камата со каматна стапка од претходниот период. При делумно повлекување во првиот период, се пресметува камата со каматна стапка по видување, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.
Искористете ги одличните поволности кои ги нуди Evolve депозитот на Халкбанк и остварете приход на вашата заштеда со камата која расте на секои 6 месеци.