Доделени наградите „Under 30“ за 2020/2021 во Будимпешта
- Детали
- понеделник, 13 септември 2021
Во незаборавна атмосфера во историската Festetic Palota во Будимпешта, Business Elite Awards ја организираше церемонијата за доделување награди за најамбициозните млади претприемачи и менаџери под 30 години.
По завршувањето на истата, следеше и гала вечера организирана ексклузивно за добитниците на престижните признанија Business Elite’s “Under 30” кои се воедно и членови на “Executive Club”.
За време на гала вечерата беше промовирана и новата Android/IOS мобилна апликација, а со тоа, организаторите успеаа повторно да ги поместат границите на бизнис вмрежувањето и да постават нови параметри во таа категорија.
Како што е веќе добро познато, ексклузивната “Under 30” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за најмладите бизнис лидери, оние до 30 години.
Со стекнувањето на ова признание, покрај тоа што е пропознат бизнис талентот кај најмладите претприемачи и менаџери, исто така и се дава допонителен стимул за продолжување на посветеноста и пожртвуваноста, со што би била загарантирана нивната блескава кариера и огромните успеси во светот на бизнисот во иднина.
Секако, тоа е и дополнително потпомогнато со нивното членсто во екслузивниот Business Elite’s “Executive Club”, каде и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.
Помеѓу добитниците на признанието за 2020 и 2021 година се најдоа и следните македонски претпримачи/менаџери: Бесник Адеми (Eco Vent), Дејан Мишковски (Гевино), Елена Кливановска (Little Me), Арлинд Мехмеди (МН Инжинеринг), Дарко Панчевски (Point Retail Park), Владо Цекиќ (squareONE Marketing & Advertising), Филип Ивановски (TianDe), Ѓорѓе Божинов (Џови компани), Јасмина Накова (Фурнит), Ивана Станоеска (Michael Kors), Филип Петровски (Data Masters), Ердин Османи (Еко Амбиент), и Виктор Атанасовски (Affiliates Perform).
Номинациите за “Under 30” наградите за 2022 година ќе бидат отворени во ферувари следната година.
ГАЛЕРИЈА – ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
ГАЛЕРИЈА – ГАЛА ВЕЧЕРА И ВМРЕЖУВАЊЕ