Халкбанк со поддршка на овогодишниот „Скопје Лајт Арт Дистрикт“
- Детали
- понеделник, 13 септември 2021
Како општествено одговорна банка, Халкбанк АД Скопје годинава со огромно задоволство, го поддржа четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светлосна уметност - „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, кој е дел од ROCK проектот и Хоризонт 2020 програмата на Европска Унија, наменета за истражување и иновации.
Оваа година фестивалот ја поврза симболиката на светлината со сонцето и со иднината, и токму како таква се совпадна со кампањата на Халкбанк за славењето на својот јубилеј од 10 години на македонскиот пазар чиј наслов е “Иднината е светла”.
Па така, преку оваа поддршка, која е пред сѐ наменета за убави реализации во културниот и уметничкиот домен од нашето опкружување, истовремено заеднички ги одбележивме и јубилејот на нашата држава и јубилејот на банката.
Инаку покрај финансиската поддршка на фестивалот, банката организираше и наградна игра со ваучер во висина од 6.000 денари за авторот на најдобрата фотографија од случувањата на фестивалот.
Халкбанк продолжува со активна вклученост и поддршка во сите сфери од општествениот живот, како и со промовирање на здрави животни навики кај заедницата, за заедничка и подобра, светла иднина.