Улогата на никотинот во секојдневието
- Детали
- петок, 10 септември 2021
Никотинот не е тој што го прави чадот од цигарите толку штетен. Тоа се должи на хемикалиите што се формираат во текот на процесот на согорување.
Многу луѓе претпоставуваат дека никотинот го прави пушењето штетно. Всушност, другите хемикалии во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамините специфични за тутунот и бензенот се примарните причини за болестите поврзани со пушењето.
Никотинот е една од причините поради која луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Со цел пушачите да се префрлат од цигари на бездимни алтернативи, овие производи треба да содржат никотин.
Никотинот не е безопасен. Иако создава зависност, никотинот не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето. Главниот причинител произлегува од процесот на согорување на тутунот при што се ослободува чад и бројни други канцерогени состојки кои се опасни по здравјето. Никотинот е природна состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано дека пушачите пушат заради никотинот, но се разболуваат од катранот.
Никотинот е многу токсичен кога се внесува или се апсорбира во високи дози. Пушачите апсорбираат приближно 0,1 милиграми никотин по цигара, но за да се случи фатално труење со никотин, пушачот треба да консумира 400 цигари или 20 пакувања.
Токму затоа компанијата „Филип Морис интернешнл“ е фокусирана на развој на производи кои нудат вкусна пареа што содржи никотин, но со многу пониски нивоа на штетни хемикалии што се наоѓаат во чадот од цигарите.
Дали велиме дека овие производи се безбедни? Не. Она што треба да се истакне е дека овие производи се подобри алтернативи на пушењето. Најдобрата опција за здравје останува да не започнете, односно целосно да престанете да пушите.
Одредени луѓе, вклучувајќи ги бремените жени или доилки, како и луѓето со срцеви заболувања, висок крвен притисок или дијабетес - не треба да користат производи што содржат никотин. Младите не треба да користат или да имаат пристап до производи што содржат тутун или никотин.