Eucerin® Dermo Pure пилинг за почиста и помазна кожа! Нежно ги отстранува мртвите клетки, ја смирува кожата, а има и силно антибактериско дејство во текот на ноќта!
- Детали
- четврток, 09 септември 2021
Како ефикасно да го надминете проблемот со акните
Приближно 80% од сите луѓе на возраст меѓу 11 и 30 години страдаат од акни, т.е. комедони, папули, пустули, понекогаш дури и цисти. Како резултат на тоа нивната кожа изгледа нечисто и е со воспалителни промени. Тоа е така, бидејќи во пубертетот производството на себум во порите и себацеалните жлезди е индуцирано од андрогените хормони. Дополнително, во себацеалните изводни канали има зголемена количина на мртви епидермални клетки. Но, не се засегнати само тинејџерите: за 20% од тие, коишто страдаат од акни за време на пубертетот, проблемот продолжува и подоцна и има големо влијание на начинот на живеење и во текот на повеќе години.
Кожата склона кон акни не е само естетски проблем. Луѓето со овој проблем треба да се справат и со воспаленијата, коишто можат да бидат болни и да имаат психолошки ефект на нивниот живот. Со над 100-годишното искуство во областа на медицинска козметика и новата линија Eucerin® Dermo Pure, Eucerin® знае како да им помогне на корисниците да ја преземат контролата над нивната кожа, склона кон акни.
Производите од новата серија водат до почиста и помазна кожа. Линијата предлага 10 производи, во коишто спаѓа и новиот Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега, којшто е центар на целиот асортиман. Препорачливо е да се користи навечер. Тој ги комбинира сите активни состојки, коишто ја подобруваат состојбата на кожата, со што обезбедува видливи резултати само после една седмица употреба.
Иновативна комбинација од состојки, за помазна и почиста кожа
Формулата во иновативниот нов производ Eucerin® Dermo Pure Регенеративна нега ефикасно го намалува црвенилото, ги отвара порите и ја заштитува кожата од појава на нови комедони. Ефикасно дејствува уште од првото нанесување, доведувајќи до почиста и мазна кожа со тек на времето. Моќниот 10% хидрокси комплекс содржи високоефикасна комбинација од пилинг честички: гликолна, салицилна и полихидроксилна киселина. Тие се особено погодни за кожа склона кон акни, со тоа што помагаат да се намали хиперкератозата и последователно комедоните. Освен тоа, производот има и силно антибактериско дејство во текот на ноќта. Благодарение на ликохалконот A и силно концентрираниот декспантенол, води до смирување на иритациите и помазна кожа.
Подобрената формула на целата серија Eucerin®DermoPure сега е уште поефикасна и се предлага во различни форми. Вклучени се високоиновативни комбинации од состојки како салицилна киселина, ликохалкон и карнитин. Салицилната киселина има антибактериско и комедонолитично дејство, со што ефикасно ги отстранува неправилностите на кожата и ја спречува појавата на нови. Двојно количество на ликохалкон А е вклучено за спречување на микровоспаленијата, а карнитинот, активна состојка на кожата има себорегулирачко дејство.
Оваа комбинација од моќни активни состојки и ниска pH ги прави производите од линијата Eucerin® Dermo Pure исклучително иновативни и ефикасни. Клиничките и дерматолошките иследувања докажуваат многу висока ефикасност и подносливост од кожа, склона кон акни.
Eucerin®DermoPure производи
- Eucerin® Dermo Pure Skin Регенеративна нега
- Eucerin® Dermo Pure Матирачки флуид
- Eucerin® Dermo Pure Стик-коректор за кожа склона кон акни
- Eucerin® Dermo Pure Интензивен смирувачки крем за кожа склона кон акни
- Eucerin® Dermo Pure Гел за миење за масна кожа
- Eucerin® Dermo Pure Тоник за масна кожа
- Eucerin® Dermo Pure Мицеларна вода за масна кожа
- Eucerin® Dermo Pure Пилинг за кожа склона кон акни