Промоција на „До небото и назад“ – сликовница од едицијата „Светулка“, од авторката Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа

promocija-na-do-neboto-i-nazad-slikovnica-od-edicijata-svetulka-od-avtorkata-ana-jovkovska-i-ilustratorkata-ivanka-niba-01.JPG

  • 11 септември, 11:00 часот, плато пред МКЦ – Скопје

Си беше едно дете Алекс. Живееше во една мала држава, во малку сив град, но во куќичка полна љубов. Во неговиот двор често доаѓаше Бони, црно-бело кутре со три срциња на крзното. Нивното пријателство го победи злото. Ја спитоми бруталноста...

Малиот херој Алекс не се идентификува со Супермен или Спајдермен, но силно верува дека подобар свет е можен. Тој нѐ учи како да го чуваме срцето чисто, да не се плашиме да покажеме кога сме тажни и ранливи, да се избориме за тоа што го сакаме и да бидеме среќни – до небото и назад! Не ви откриваме повеќе од оваа топла емотивна приказна за добрината, љубовта, пријателството и емпатијата – карактеристики што ја отсликуваат суштината на едицијата „Светулка“.

promocija-na-do-neboto-i-nazad-slikovnica-od-edicijata-svetulka-od-avtorkata-ana-jovkovska-i-ilustratorkata-ivanka-niba-03.JPG

Едицијата „Светулка“ со своите 12 изданија од планирани 15 внесе свежина и квалитет во детската литература и илустрација. Убедливо стана дел од домашните библиотеки на децата. Како и другите приказни, секогаш поучни и едукативни, и оваа приказна изобилува со содржини клучни за развојот на децата. Психологот Христина Стефановска во својата рецензија напиша:

- „До небото и назад“ е приказна за детската безусловна љубов, бидејќи децата даваат и љубат од срце, без да мерат колку дале и колку треба да земат. Детето кое е сакано, љубовта ја гледа и наоѓа во сè околу себе, па лесно може да се поврзе со животните и природата. Во детските очи сите сме еднакви, но детското срце може лесно да го повредите. Детето кое чувствува дека не е сакано, развива чувство на незадоволство, вина, страв, несигурност, небезбедност, неприфатеност и тоа го пренесува со нељубов и агресија кон околината. Всушност, децата се најдобри учители на патот до љубовта. Преку нив можеме да станеме подобри луѓе –подобри родители, наставници, воспитувачи.

Оваа приказна треба да им покаже на децата дека љубовта ја следи широк спектар на емоции од кои не треба да се плашат. Затоа, треба да им дозволиме да бидат и тажни, така го јакнат психолошкиот имунитет и го отвораат мудриот ум. Емоциите не се секогаш пријатни, но секогаш носат порака до личноста. Тогаш кога ќе ја декодираме таа скриена порака, емоционално растеме.

promocija-na-do-neboto-i-nazad-slikovnica-od-edicijata-svetulka-od-avtorkata-ana-jovkovska-i-ilustratorkata-ivanka-niba-04.JPG

Која е авторката на „До небото и назад“?

Ана Јовковска е новинарка, писателка и менторка за личен развој. Во суштина – сонувачка, гласноговорничка за слобода, еко-активистка, активистка за правата на децата и животните. Мајка на петгодишниот Алекс и пријателка на кучето Ада. Сонува за свет во кој ќе нема ниту едно гладно дете. Верува дека секој човек е добар, ако му го најдеш клучот до срцето. Нејзините идеали се најсилните кредити на кои се клади.

promocija-na-do-neboto-i-nazad-slikovnica-od-edicijata-svetulka-od-avtorkata-ana-jovkovska-i-ilustratorkata-ivanka-niba-5.JPG

А како ли се црта љубов до небото и назад?

Илустрациите во „До небото и назад“ се на Иванка НиБа. Таа многу сака да црта животни. Заедно со нејзината ќеркичка Кристина секој ден цртаат по едно различно животно. Се дружат со мачорите Иво и Оги и кучето Бато, а омилен пејач им е славејот што живее во комшиското дрво. Сака да шлапка во вода, да крши и реди камчиња и да прави мозаици. Го обожава снегот, а во лето морето. Нејзина најголема инспирација се сите детски цртежи на светот.

А како се црта љубов до небото и назад, ќе имаат можност да ни покажат и децата, заедно со Доротеј Нешовски, на работилницата закажана веднаш по промотивниот дел.

promocija-na-do-neboto-i-nazad-slikovnica-od-edicijata-svetulka-od-avtorkata-ana-jovkovska-i-ilustratorkata-ivanka-niba-02.JPG

Ве чекаме на промоција на 11 септември во сабота пред платото на МКЦ, заедно да ја споделиме радоста – до небото и назад!

Оваа година изданијата од едицијата Светлука на издавачката куќа Арт&арт студио Батев ќе бидат на штандот на издавачката куќа Готен. Во одредени денови ќе имаме и гости, писатели и илустратори кои ќе ги потпишуваат своите изданија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg