Донација на Бимилк за сладок почеток на учебната година

(Битола, 06.09.2021) – Со донација на Битолско чоколадно млеко, Бимилк на првачињата од најголемите училишта во десетте најголеми градови во државата, им посака среќен и успешен почеток на учебната година.

donacija-na-bimilk-za-sladok-pochetok-na-uchebnata-godina-1.JPG

Секое прваче од овие училишта доби по 4 пакувања Битолско чоколадно млеко со 10 витамини од 250 ml со што вкупната донирана количина е 1,5 тони млеко.

„Поаѓањето во школо и првото влегување во училишните клупи е радосен чин и момент што секое прваче треба да го запомни како убаво и среќно искуство. Исто така, ова е момент кога децата влегуваат во нова фаза од животот каде треба да научат многу, да ги изградат своите квалитети и да ги препознаат вистинските вредности во животот. Затоа, со оваа донацијата сакаме да им честитаме на првачињата, да им посакаме среќа на тој пат и успеси во понатамошното школување”, велат од Бимилк.

donacija-na-bimilk-za-sladok-pochetok-na-uchebnata-godina-03.JPG

При донацијата за првачињата компанијата избра производ којшто освен што го сакаат децата уште и ги содржи десетте најважни витамини за развојот на децата и за зајакнување на имунитетот, што е, исто така потребно и важно во овој период.

donacija-na-bimilk-za-sladok-pochetok-na-uchebnata-godina-02.JPG

Битолска млекара е компанија којашто со развојот на своите производи ги следи потребите и барањата на своите потрошувачи, и доставува производи што се истакнуваат со висок квалитет и збогатен хранлив состав. Оваа акција за сладок почеток на учебната година е започната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg