ТАВ: easyJet ќе влезе на македонскиот пазар со воведување нова авиолинија: Женева – Скопје

Скопје, 3 септември 2021 година -Оваа нова сезонска авиолинија ќе почне од 1-ви ноември 2021 година и ќе функционира до 25-ти март 2022 година

tav-easyjet-kje-vleze-na-makedonskiot-pazar-so-voveduvanje-nova-aviolinija-zheneva-skopje-01.JPG

Изиџет (еasyJet), водечката европска авиокомпанија според мрежата на авиолинии, продолжува со својата заложба и инвестирање во Европа со отворање на нова авиолинија од Женева, Швајцарија, до Скопје, Северна Македонија, известуваат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, откако авиокомпанијата го најави воведувањето на оваа воздушна конекција.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот главен град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.

tav-easyjet-kje-vleze-na-makedonskiot-pazar-so-voveduvanje-nova-aviolinija-zheneva-skopje-02.JPG

Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) , со цени што почнуваат од 1 476 денари* за авиобилет во една насока.

Како што изјавија од Изиџет (easyJet), оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Од ТАВ Македонија се среќни што ја слушаат веста дека авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар со отворањето на нова авиолинија Женева–Скопје, и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања.  

tav-easyjet-kje-vleze-na-makedonskiot-pazar-so-voveduvanje-nova-aviolinija-zheneva-skopje-3.JPG

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.   

За детали за редот на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје, за Заминувања посетете ја веб страницата; додека за Пристигнувања кликнете ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg