Правила за одмрзнување и чување на замрзнатото месо
- Детали
- понеделник, 30 август 2021
Грижата за безбедноста на храната има примарно значење за секоја компанија бидејќи директно влијае на заштитата на потрошувачите. Но, многу е важно и самите потрошувачи да ги познаваат начините за чување и користење на замрзнатите производи, со оглед дека од тоа зависи како безбедноста на храната, така и задржувањето на хранливите вредности на истата.
Во тој поглед многу е важно како се одмрзнува замрзнатото месо, бидејќи месото е подложно на развивање бактерии и лесно може да доведе и до труење.
Потребно е граѓаните да ги знаат правилните чекори за одмрзнување на секоја намирница. Користењето на методот на одмрзнување на месото во фрижидер е најбезбедниот начин на употреба на замрзнати производи. Оваа постапка е лесна и често практикувана, затоа што во фрижидерот храната се чува на безбедна температура. Одмрзнувањето на месото во фрижидер е идеален начин доколку сакате да подготвите ручек или вечера за целото семејство, но во истиот момент сте ангажирани и со други домашни обврски.
Месото, исто така можете да го одмрзнете и во ладна вода, така што неотпакуваниот пакет или ќеса со месо ќе го ставите во сад со ладна вода.
Третиот начин на безбедно одмрзнување на прехранбените продукти е во микробранова печка, при што месото треба да се стави во бела и чиста керамичка чинија. Но, значајно е да се потенцира дека со ваквиот начин на одмрзнување е неопходно месото веднаш да се подготви.
Колку што одмрзнувањето на храната е важно да биде правилно, за да храната биде вкусна и хранлива, исто толку е потребно да се следи правилен начин на замрзнување на храната, велат од Слога Пром, домашна компанија лидер во земјава во производство и продажба на замрзнати прехранбени производи. Во Слога Пром, процесот на замрзнување се одвива под утврдени правила и протоколи со цел избегнување можно расипување на храната при пласирањето на пазарот. Оваа прехранбена компанија од Кавадарци, која има 30 годишно искуство, обезбедува висок квалитет на замрзнати производи, следејќи ги европските и светски трендови според НАССП стандардите. Препознаени се по квалитетот, но и по сигурноста на замрзнатите производи без разлика дали станува збор за замрзнато пилешко, свинско, говедско и јунешко месо, морска риба или, пак, помфрит.