HUAWEI WATCH 3 Pro ја освои EISA наградата за најдобар паметен часовник

Базиран на HarmonyOS 2, HUAWEI WATCH 3 Pro е паметен часовник дизајниран и создаден за иднината

huawei-watch-3-pro-ja-osvoi-eisa-nagradata-za-najdobar-pameten-chasovnik-01.JPG

Huawei Consumer Business Group (CBG) доби престижна награда од Експертската асоцијација за слика и звук (EISA), која обединува специјализирани списанија, веб-страници и новинари кои објавуваат редовни независни технолошки прегледи на нови производи. HUAWEI WATCH 3 Pro е прогласен за „EISA Best Smartwatch 2021-2022“.

huawei-watch-3-pro-ja-osvoi-eisa-nagradata-za-najdobar-pameten-chasovnik-02.JPG

EISA го пофали премиум дизајнот на HUAWEI WATCH 3 Pro со зборовите: „Изгледа одлично на зглобот, благодарение на титаниумското тело околу неговиот 1,43 инчен AMOLED дисплеј, заштитено со сафир кристал, што му дава аура на елеганција.” Асоцијацијата, исто така, наведува и многу карактеристики, истакнувајќи дека „Овој модерен оперативен систем доаѓа со многу апликации и способности, вклучително и следење на отчукувањата на срцето и заситеност со кислород, тестирање на стрес и детектирање пад, како и готови програми за преку 100 спортски активности“.

huawei-watch-3-pro-ja-osvoi-eisa-nagradata-za-najdobar-pameten-chasovnik-03.JPG

Базиран на HarmonyOS 2, HUAWEI WATCH 3 Pro е паметен часовник дизајниран и создаден за иднината. HUAWEI WATCH 3 Pro доаѓа со целосно нови паметни карактеристики што ја илустрираат визијата на Huawei за Seamless AI Life и развој на стратегијата 1+8+N. Покрај професионалното следење на многу здравствени и спортски параметри и траење на батеријата до 21 ден во Ultra Long battery life режим[1], HUAWEI WATCH 3 Pro вклучува прецизен сензор за мерење на температурата на кожата. Со новите карактеристики како што е детектирање падови, HUAWEI WATCH 3 Pro им помага на корисниците да ги следат нивните тренинзи и здравје во решенија базирани на наука, каде и да ги одведе животот.

„По наградата EISA BEST SMARTWATCH 2020-2021 за HUAWEI WATCH GT 2 минатата година, ние сме исклучително среќни што добивме уште едно признание од EISA за паметен часовник, за нашиот нов HUAWEI WATCH 3 Pro“, изјави Кевин Хо, главен оперативен директор на Huawei Consumer Business Group. „Huawei како компанија е посветена да им понуди на потрошувачите најнова технологија и возбудливо изкуство и да сподели технолошки достигнувања со повеќе луѓе низ целиот свет. Затоа, HUAWEI WATCH 3 Pro е независен, интелигентен и моќен како паметен телефон. Чест нѝ е да добиеме признание за ова, како и за многубројните целодневни карактеристики за следење на здравјето и физичката активност што им овозможуваат на потрошувачите да добијат поголема контрола врз сопственото здравје.“

Членовите на EISA се експертски медиуми од сите области на електроника за широка потрошувачка, од над 30 земји, секој член учествува во една или повеќе од шесте експертски групи на EISA - фотографија, мобилни уреди, Hi-Fi, домашно кино - аудио, домашно кино - дисплеј и видео, и електроника за автомобили. Секоја година, членовите на EISA номинираат листа на производи за кои сметаат дека се карактеристични во секоја од експертските групи. Номинациите се претставени на официјален состанок на организацијата, каде што детално се дискутира пред конечното гласање на конечен победник во секоја категорија.

Престижната награда што ја доби Huawei се рангира на долгата и индикативна листа на медиумски награди што компанијата веќе ги поседува.

[1] Ultra-long battery life режимот на HUAWEI WATCH 3 Pro дава траење на батеријата од 21 ден под следниве услови: активиран Ultra-long battery life, стандардни фабрички поставки, активиран мониторинг на отчукувањата на срцето, активирана функција HUAWEI TruSleep™ за следење на спиењето преку ноќ, 30 минути Bluetooth повици неделно, 90 минути тренинг неделно (со вклучен GPS), активирани известувања (50 СМС пораки, 6 повици и 3 аларми дневно) и 200 вклучувања на екран дневно.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg