А1 Live Shop – премиум корисничко искуство за сите кои не сакаат да ја напуштат удобноста на својот дом

Забрзаниот процес на дигитализација во сите сегменти повеќе од кога било досега ја охрабрија иновативноста во сите сегменти на делување, а услугата за крајниот корисник станува се пософтицирана, се со цел што поедноставен пристап до услугите што им се потребни.

a1-live-shop-premium-korisnichko-iskustvo-za-site-koi-ne-sakaat-da-ja-napushtat-udobnosta-na-svojot-dom-01.png

Од мај 2020 година, јавноста ја има можноста да пристапи на А1 Live Shop - виртуелната продавница на А1 Македонија и со помош на разговор со А1 агент во живо, да добие детални информации за услугите на А1, како и во било кој продажен салон, без разлика каде и да се. 

А1 Live Shop виртуелната продавница нуди уникатно искуство за купување преку интернет за секого, особено за оние кои не се во можност да ја напуштат удобноста на својот дом или да се оддалечат од обврските на своето работно место, а особено во овие денови на вонредни услови и со тоа да го заштитат своето здравје и здравјето на сите останати.

Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат директно со продажен агент на А1 во живо преку видео стриминг и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани и да купуваат преку интернет.

За да биде купувањето побрзо и поедноставно за посeтителите, посветениот тим од продажни агенти на А1 обезбедува персонализиран пристап кон целоиот процес на онлајн купување.

Поврзувањето со А1 експерт во живо преку виртуелната продавница може да се направи со едноставно кликање на иконката со А1 експерт што ќе се појави на веб-страницата www.a1.mk по што корисникот треба да го внесе својот телефонски број и првиот слободен А1 експертот ќе се јави во најкраток можен рок. Корисникот може да го види експертот на екранот, да започне итеракцијата, пришто   приватноста на корисникот е целосно зачувана бидејќи нашиот експерт не може да го види корисникот.

Агентот за продажба гарантира дека е во согласност со телeфонскиот разговор, а со вклучување на мобилната камера на телефонот корисникот добива подетален поглед на уредот од сите агли.  

За повеќе информации пристапете на www.a1.mk/liveshop.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg