Solo Mode на Тамара Котевска денес има светска премиера на Сараево филм фестивал

Денес, (17.08.2021) најновиот краткометражен филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 27. Филмски фестивал во Сараево. 

solo-mode-na-tamara-kotevska-denes-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival-01.jpg

Филмот е во официјална селекција на кратки филмови, a со тоа и во директна конкуренција за Европските Филмски Награди (Europen Film Awards). 

Соло Мод е независен краткометражен филм инспириран од Covid 19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа.

Улогите ги толкуваат актерот Александар Микиќ, неговата сопруга - харфистката Весна Микиќ и нивните две дечиња Иво и Ена.

Како продуценти се потпишуваат Тамара Котевска и Илија Тирицовски.

solo-mode-na-tamara-kotevska-denes-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival-03.JPG

Извршни продуценти се Пеце Талески, ОХО Продукција за Македонија и на Хашми, The Corner Shop за САД, а ко-продуцент на филмот е Зејнеп Атакан, Zeyno Film од Турција.

solo-mode-na-tamara-kotevska-denes-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival-4.JPG

Соло Мод е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Сараево Филм Фестивал годинава ќе се одржи од 13 до 20 август.

solo-mode-na-tamara-kotevska-denes-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival-05.JPG

Тамара Котевска е единствената режисерка од Македонија со 2 номинации од Нагрдите на Академијата на САД (Оскари) за документарниот филм “Медена Земја“ (2019) во ко-режија со Љубо Стефанов.

solo-mode-na-tamara-kotevska-denes-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival-02.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg