Успешната кариера бара квалитетно образование - добијте стипендија на еден од најдобрите приватни универзитети
- Детали
- вторник, 17 август 2021
Кога станува збор за самоподобрување, постојат различни методи со кои тоа може да се постигне, во зависност од тоа што сакаме да подобриме. На пример, доколку сакаме да ја подобриме физичката форма, јадеме здраво и вежбаме. За да ја подобриме меморијата, спиеме доволно и учиме нови работи.
Но, што можеме да направиме за да се подобриме и напредуваме на кариерен план? Одговорот е - квалитетно високо образование. При избор на факултет, пред сé, важно е да се земат предвид нивото и квалитетот на образовниот процес, наставните програми како и можностите за понатамошен кариерен развој. Од исклучителна важност е и наставниот кадар, а секако и можноста за размена, односно осознавање на начинот на образование во образовни институции во други земји.
Како еден од најдобрите приватни универзитети во државата се издвојува Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) кој е прогласен за најдобро рангиран универзитет во областа на наставата и учењето според Шангајската листа, и според податоците на Државниот завод за статистика за академската 2020/2021 година, е најголем приватен универзитет во земјата, односно има најмногу студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата. МБУ нуди современи студиски програми и настава која се одвива на англиски јазик од страна на стручен и квалитетен наставен кадар. Исто така, нуди можност образовниот процес да се продолжи на еден од 150те универзитети во 40 држави во светот со кој МБУ има договор преку европската мрежа за студентска мобилност Еразмус+. Универзитетот на прво место го става квалитетот на образованието и понатамошниот кариерен развој на своите студенти, па им нуди започнување кариера веднаш по дипломирањето благодарение на остварената соработка со огромен број на компании во и надвор од државата.
Дека студентите и нивното образование се на прво место докажува и можноста за стипендија која ја нуди МБУ. И годинава универзитетот нуди можност за стипендија според Програмата за стипендирање која се применува од минатата година и каде единствен услов е остварениот услов од средно образование. Програмата за стипендирање нуди целосна стипендија за оние средношколци кои се прогласени за најдобри во генерацијата, а 80% стипендија важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.
Студентите од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија имаат можност да аплицираат за стипендија на седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерско инженерство, архитектура, психологија, банкарство и финансии, графички дизајн, односи со јавност и маркетинг комуникации, јазици и други, онлајн на https://www.ibu.edu.mk/scholarships/ до 30 септември 2021.