InPlayer - тим кој постојано расте... и добро се забавува
- Детали
- понеделник, 16 август 2021
Малку компании во светот можат да се пофалат со фактот дека се глобални лидери во тоа што го работат. Едни од нив се InPlayer, иновативна софтверска компанија со експертиза за видео монетизација со седиште во Лондон, но со главен hub во Скопје.
Самото портфолио на светски познати клиенти и постојаниот раст со преку 700 клиенти од целиот свет и повеќе од 200 вработени во моментов кажува за големината и правецот во кој InPlayer се движи во последнава деценија.
Растот и напредокот во секој сегмент компанијата го продолжи и во последните година и пол, исполнета со бројни предизвици, во која само ја потврди позицијата на светски лидер во својот сегмент.
Доказ за тоа дека InPlayer е во постојан раст е секако и бројката од над 50 позиции кои се отворени во моментов и константата потрага по професионалци кои со своите квалитети само ќе го направат InPlayer тимот уште посилен.
Таа сила и здруженост на тимот можеше да се види и на InPlayer Summer Fest, кој оваа среда се одржа во градскиот парк. Гурманска фиеста со вкусни и уникатни бургери и диџеј сет на која повторно се почуствува убавата тимска енергија која отсекогаш била препознатлива за InPlayer.
Од фотографиите и одличната атмосфера може да се заклучи едно нешто - тимот InPlayer го сочинуваат професионалци кои се одговорни за дистрибуција и монетизацијата на содржината за некои од најголемите медиуми и технолошки компании во светот, а воедно се и луѓе кои се секогаш подготвени за добра журка.
По еден ваков настан можеме само да кажеме дека со нетрпение очекуваме да видиме што InPlayer тимот ќе подготви за својот јубилеен 10-ти роденден.