Велосипедската трка Halk Velo Green гарантира импресивно спортско искуство

Во тек е пријавувањето за хронометар велосипедската трка Halk Velo Green, која во организација на Халкбанк АД Скопје, по втор пат ќе се одржи на 8 Септември во Маврово.

velosipedskata-trka-halk-velo-green-garantira-impresivno-sportsko-iskustvo-01.JPG

Сите оние кои сакаат да земат учество и да ја испробаат својата кондиција на патеката долга 22 километри која ќе се вози од хотел Бистра до Леуново и назад, можат да е пријават најдоцна до 31 август, или пак, до исполнување на предвидениот број од најмногу 500 натпреварувачи.

И годинава учесниците ќе се натпреваруваат во две категории - ПРО и ХОБИ. Во категоријата ПРО можат да се пријават лицата кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија, како и сите оние кои се чувствуваат подготвени и мотивирани да возат во оваа категорија, додека категоријата ХОБИ е наменета за сите рекреативци.

Ланскиот победник во категоријата ПРО за мажи, Никола Лефков, вели дека неговото искуство од Halk Velo Green 2020 e импресивно, затоа ги повика сите вљубеници во велосипедизмот да се пријават затоа што организацијата на трката е одлична, има вредни награди, но најважо од се е запознавањето нови пријатели и дружбата и секако грижата за животната средина.

„Возењето велосипед има бројни придобивки по здравјето, без разлика дали станува збор за професионално возење, рекреативно или, пак, за возење велосипед како превозно средство. Тоа е здраво затоа што го чува нашето срце, ги активира мускулите и ги штити зглобовите. Учеството на оваа велосипедска трка е од исклучително значење за сите, a Денот на независноста кога се одржува трката е убав поводот на овој ден да бидеме спортско активни, заедно сплотени и поттикнати да продолжиме во зачувувањето на државата, со грижа кон нашето природно богатство“, вели Никола Лефков, минатогодишен победник во категоријата ПРО мажи. 

За првпат годинава, организаторот на трката Халкбанк воведува и нова категорија за деца од 6 до 12 години, за кои е предвидена патека од 12 километри, но и категорија за деца од 13 до 17 години, со патека за возење од 22 километра.

За сите категории предвидени се награди и тоа 30, 20 и 10 илјади денари за прво, второ и трето место во категоријата ПРО мажи/жени и 12, 6 и 3 илјади денари за прво, второ и трето место во категоријата ХОБИ мажи/жени. Победниците во категоријата ПРО кидс од 6 до 12 години ќе добијат 3 илјади, односно 2 илјади и 1 илјада денари. Истата парична награда ќе биде доделена и за категоријата ПРО кидс од 13 до 17 години.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават преку веб-страницата на Halk Velo Green - http://www.halkvelogreen.mk/ и www.smartrace.club

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg