Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е! – порачаа јавните личности со емотивни сведоштва (видео)
- Детали
- вторник, 20 јули 2021
Десетици јавни личности од Македонија ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи: Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!
Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.
Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, професорот д-р. Никола Пановски, тренерот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски- Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид19.
Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.