Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021
- Детали
- вторник, 20 јули 2021
Од 21 до 25 јули, на плажата Горица 3 во Охрид ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на новиот европски филм - Beach Film Festival. И годинава, спонзор на фестивалот кој со својот иновативен концепт се издвојува од досегашните фестивалски стандарди, е Халкбанк АД Скопје која е силен поддржувач на филмската уметност и македонската култура воопшто, како еден од најсуштинските делови на секое општество.
Beach Film Festival е настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Овој мултимедијален и мултидисциплинарен настан има примарна цел да го поттикне дијалогот, критичкото размислување и делувањето инспирирано од проекциите на новиот европски филм.
Во текот на четирите фестивалски денови, ќе бидат прикажани повеќе долгометражни и краткометражни филмови во рамките на тематските програми, а дел од програмата на Beach Film Festival ќе бидат работилници и предавања.