Point Retail Park прославува 2 години!

Првиот малопродажен парк во Македонија - Point Retail Park оваа недела прославува 2 години од своето постоење и тој повод ќе го одбележи со низа активности.

point-retail-park-proslavuva-2-godini-01.jpg

Од трговскиот центар најавуваат тридневен шопинг фестивал од 16 до 18 Јули, на кој сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови по пониски цени.

Покрај попустите, роденденската програма опфаќа забавни активности за најмалите со суперхерои и музички бендови за возрасните.

point-retail-park-proslavuva-2-godini02.jpg

Откако ги отвори своите врати пред 2 години, овој трговски центар направи вистинска револуција во шопинг искуството со концептот “шопинг на раат“, кој нуди бесплатен паркинг, едноставен пристап, одлична понуда од брендовите за широка потрошувачка, како и гастрономска понуда што го прави трговскиот центар конкурентен и жешка точка за потрошувачи од земјава и странство.

point-retail-park-proslavuva-2-godini3.jpg

Point Retail Park оваа годишнина ќе ја прослави и под мотото „ПРВ“, поаѓајќи од “прв малопродажен парк од отворен тип“ на двегодишнината ќе се закити и со:

  • ПРВ трговски центар кој летово поставува фотоволтаична централа со која ќе се обезбедуваат над 30% од потребите за електрична енергија на објектот од сопствени обновливи извори на енергија, што ќе го направи нај еколошкиот трговски центар во државата;
  • ПРВ трговски центар кој има целосен виртуелен приказ на Google;
  • ПРВ трговски центар кој ќе обезбеди 10 стипендии за најдобрите студенти на медицина, економија и ИТ насоките за учебната 2021/2022.

point-retail-park-proslavuva-2-godini-01.jpg

Point Retail Park има тенденција да ја продолжи оваа успешна приказна ширејќи се во повеќе градови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg