Mozzart со донација во Специјалниот завод Демир Капија
- Детали
- вторник, 13 јули 2021
„Секоја помош за нас е од огромно значење и секогаш добредојдена, особено кога се работи за ваква донација од предмети кои се неопходни за функционирањето на домовите во подобри услови.“ – изјави директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска.
Компанија Mozzart реализираше голема донација во Специјалниот завод Демир Капија и со тоа ги продолжи општествено одговорните активности кои континуирано ги реализира онаму каде што е најпотребно.
Донацијата во материјални добра беше испорачана на адреса на Специјалниот завод, која потоа ќе биде подеднакво распределена во четирите станбени единици дисперзирани во Скопје, Неготино и Тимјаник, а во чии домови се сместени малолетни штитеници на домот со пречки во развојот.
Донацијата е составена од техника и потрошни добра за секоја од станбените единици за кои истакнаа дека имаат најмногу потреба, меѓу кои се вклучени: лаптоп компјутери, печатачи, правосмукалки, блендери, пасатори, музички системи, голема количина на средства за лична хигиена, заштитни маски, хигиенски ракавици, средства за дезинфекција, како и разни едукативни материјали, сетови за цртање, забава и разонода на малите штитеници на домот.
„Огромна благодарност до компанијата Mozzart за оваа голема донација која ја насочи кон станбените единици од Специјалниот завод Демир Капија, каде се згрижени малолетните штитеници на домот. Секоја помош за нас е од огромно значење и секогаш добредојдена, особено кога се работи за ваква донација од материјални добра кои се неопходни за функционирањето на домовите во подобри услови.
Лаптоп компјутерите и музичките системи ќе се искористат за едукација и разонода на дечињата, како и големата количина на едукативни материјали и прибори за цртање и забава. Останатиот дел од техниката се употребува на дневно ниво и обновувањето на сите овие елементи е од огромно значење за нас.“ – изјави директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска.
Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, изминатиот период реализираше голем број на донации во разни установи и организации во различни региони во државата.
„Се надеваме дека оваа донација насочена во ЈУ Специјален завод Демир Капија ќе биде од голема помош и ќе придонесе во создавање на подобри услови за живот на штитениците во дисперзираните станбени единици.
Континуираната грижа за општеството во кое делува Mozzart е една од главните вредности кои оваа компанија ги негува. Како општествено одговорна компанија помагаме и ќе продолжиме да помагаме секаде каде што тоа е потребно.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во компанијата Mozzart.