Започна продажбата на Huawei 3 серијата на македонскиот пазар

Од 12 јули, новите премиум паметни часовници Huawei Watch 3 и Huawei Watch 3 Pro се достапни за македонските потрошувачи благодарение на Техномаркет, Анхоч, Сетек и Нептун. Huawei Watch 3 Pro е достапен со титаниумско тело од 48мм и кафеав кожен ремен по крајна цена од 25.999 денари. Huawei Watch 3 доаѓа во црна боја, со куќиште од нерѓосувачки челик од 46мм и црн силиконски ремен по малопродажна цена од 22.999 денари.

zapochna-prodazhbata-na-huawei-3-serijata-na-makedonskiot-pazar-01.JPG

Серијата Huawei Watch 3 е базирана на новиот оперативен систем на Huawei - HarmonyOS, со атрактивно управување и постојано растечки број на апликации визуелизирани во грид-мрежа. Компатибилен е со сите паметни телефони со Android (6.0 и погоре) или iOS (9 и погоре). Поддржува Bluetooth повици, пораки и распознавање пад, при што можете да иницирате SOS повик до одреден број.

Карактеристични за серијата се материјалите од исклучително висока класа од кои се изработени - Huawei Watch 3 Pro со титаниумско тело, природен кожен ремен со бели украсни рабови, керамичка подлога за да се минимизира иритацијата на рацете и уште попрецизна детекција на здравствени параметри, како и облога на дисплеј со исклучително силно сафирно стакло. Во обете варијанти, фокусот е на добро дефинираната ротирачка 3D круна, визуелна референца на класичниот часовник, но нудејќи богати и интуитивни опции за контрола на допир.

zapochna-prodazhbata-na-huawei-3-serijata-na-makedonskiot-pazar-05.JPG

Двата модели од серијата Huawei Watch 3 може да се пофалат со исклучителен, малку закривен AMOLED дисплеј од 1,43 инчи, во боја, со резолуција од 466 x 466 пиксели, и густина на пиксели од 326 ppi. Часовникот е чувствителен на допир и ги поддржува сите клучни интеракции како што се лизгање, потчукнување, притискање и држење.

Траењето на батеријата варира помеѓу вредностите во двата основни режими - Ultra-Long Battery Life Mode, чии вредности се мерат со континуирано следење на отчукувањата на срцето и квалитетот на спиењето навечер, 30 минути Bluetooth повици неделно, 90 минути вежбање со активиран GPS неделно, 6 повици, 3 аларми и 200 вклучувања на екранот дневно, и Smart Мode под големо оптеретување, вклучително и употреба на eSIM функционалност*. Во Ultra-long Battery Life Mode, батеријата на Huawei Watch 3 Pro трае до 3 недели, а Watch 3 - до 2 недели со едно полнење. Во Smart mode, животниот век е до 5 дена за Watch 3 Pro и до 3 дена за Huawei Watch 3*.

zapochna-prodazhbata-na-huawei-3-serijata-na-makedonskiot-pazar-04.JPG

Како што е традиционално за паметните часовници на Huawei, и моделите од новата серија Watch 3 нудат богати можности за следење на здравствените и спортските параметри, кои нѐ инспирираат да водиме поздрав и подобар живот. Поддржани се повеќе од 100 спортски режими, од кои 6 се препознаваат автоматски, а на напредното мерење на отчукувањата на срцето, заситеноста со кислород во крвта, нивото на стресот и квалитетот на спиењето се додава тајмер за миење раце и мерење на температурата на кожата.

zapochna-prodazhbata-na-huawei-3-serijata-na-makedonskiot-pazar-02.JPG

Сите модели од серијата имаат тело водоотпорно до 5АТМ, тешко 54g за Watch 3 и 63g за Watch 3 Pro, и поддржуваат безжично полнење. Повеќе информации за серијата може да најдете овде.

zapochna-prodazhbata-na-huawei-3-serijata-na-makedonskiot-pazar-03.JPG

*Вредностите се добиени од лабораториските тестови на Huawei и може да варираат во зависност од начинот на употреба и околината. Точните услови за мерење се опишани во официјалната документација. Паметниот режим за HUAWEI WATCH 3 е 3 дена, а за HUAWEI WATCH 3 Pro - 5 дена, во следниве ситуации: фабричкото поставување е стандардно, 2 часа LTE врска секој ден, 22 часа Bluetooth конекција со мобилен телефон секој ден, активиран мониторинг на срцев ритам, активиран HUAWEI TruSleep™ за ноќен сон, 60 минути користење апликации секоја недела, 30 минути Bluetooth повици секоја недела, 30 минути слушање музика преку Bluetooth секоја недела, 90 минути тренинг секоја недела (со активиран GPS), активирани нотификации (50 СМС пораки, 6 повици и 3 аларми на ден) и екранот се вклучува 200 пати на ден. За HUAWEI WATCH 3, траењето на батеријата во паметен режим е 1,5 ден кога е поврзан со iPhone. За HUAWEI WATCH 3 Pro во паметен режим е 2,5 дена кога е поврзан со iPhone. Траењето на батеријата на HUAWEI WATCH 3 во ultra-long battery life режим е 14 дена, а на HUAWEI WATCH 3 Pro - 21 ден во следниве ситуации: активирано ултра - ultra-long battery life режим, фабрички поставки, мониторинг на отчукувањата на срцето, активиран HUAWEI TruSleep™ за ноќен сон, 30 минути Bluetooth повици секоја недела, 90 минути тренинг секоја недела (со активиран GPS), нотификации (50 СМС, 6 повици и 3 аларми на ден), и екранот се вклучува 200 пати на ден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg