Здружението на пациенти „Љубов сме/Jemi Dashuri” со препорака – Информираноста и разговорот се најважни за пациентите со карцином на дојка

Во последните неколку години, смртноста на пациентите со карцином на дојка се движи меѓу 30 и 40 отсто од заболените, што сè уште претставува многу висок морбидитет. Како причина за високата смртност е и касното детектирање на болеста, веќе во поодминат стадиум, недоволната информираност и ниската свесност за самопреглед.

zdruzhenieto-na-pacienti-ljubov-sme-jemi-dashuri-so-preporaka-informiranosta-i-razgovorot-se-najvazhni-za-pacientite-so-karcinom-na-dojka-01.JPG

Според обработените податоци од Институтот за јавно здравје во 2019 година имало 782 новозаболени со карцином на дојка од кои 314 починале, односно 40%, а една година претходно во 2018 од 852 дијагностицирани пациенти со карцином на дојка 283 починале, што е 30% од вкупно заболените.  

Докторите потенцираат дека карциномот на дојка е едно од малигните заболувања коешто доколку навремено се открие може да се излекува, а за тоа е потребно навремено откривање на болеста и соодветно реагирање. Од здруженијата на пациенти, потенцираат дека е потребна информираност за раната детекција и третирање на болеста, а воедно  и силна психолошката поддршка за полесно справување во текот на лекувањето.

„Психолошката поддршка е клучна во лекувањето на онколошките пациенти. Ја подобрува психофизичката состојба на пациентите, но и на целите семејства. Но, исто така потребна е и подобра и стручна информираност за болеста, стадиумите, текот на лекување, нешто што пациентките со карцином на дојка можат да го добијат преку апликација - виртуелен навигатор Ана достапен на страната на Рош Македонија. Со посета на линкот на виртуелниот навигатор Ана за пациентите е овозможена 24часовна помош и поддршка со директен разговор во кое било време. Преку оваа дигитална апликација, пациентите можат да дознаат повеќе за болеста, за фазите на лекување, за типовите карцином и уште многу други информации поврзани со болеста. Ова е голем бенефит за сите пациенти со карцином на дојка, затоа што во секое време имаат можност да добијат одговор  за болеста”, вели Мисрете Едипи, една од основачите на Здружението „Љубов сме/Jemi Dashuri” и додава “Она што можам да посочам е дека потребно е подигнување на свеста за рана детекција, бидејќи сите болести успешно се лекуваат само доколку навреме се откријат“.

zdruzhenieto-na-pacienti-ljubov-sme-jemi-dashuri-so-preporaka-informiranosta-i-razgovorot-se-najvazhni-za-pacientite-so-karcinom-na-dojka-03.JPG

Од таму потенцираат дека преку разговорот, за кој понекогаш имаат потреба да се  одвива во приватно и изолирано окружување, каде слободно и во секое време може да прашаат се што ги интересира за карциномот на дојка, пациентите се чувствуваат посилни и мотивирани да ја победат болеста и успешно да го завршат целокупниот процес на лекување. Заради важноста од разговор, информираноста и психолошката поддршка Здружението „Љубов сме/Jemi Dashuri” ги советува пациентите со канцер на дојка да го посетат линкот каде можат да започнат разговор за карциномот на дојка, да добијат поддршка и одговор за болеста.

zdruzhenieto-na-pacienti-ljubov-sme-jemi-dashuri-so-preporaka-informiranosta-i-razgovorot-se-najvazhni-za-pacientite-so-karcinom-na-dojka-02.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg