Филип Морис ТКП денес започна со комерцијализација на уредот Lil SOLID 2.0 кој е поддржан од IQOS
- Детали
- понеделник, 05 јули 2021
(Скопје, 05.07.2021) - LIL SOLID 2.0 e нов производ кој не го гори, туку само го загрева тутунот а од денеска е достапен и на македонскиот пазар. Создаден e од KT&G, водечка компанија за производство на вакви производи во Јужна Кореја, а почетокот на неговата продажба во Македонија е резултат на соработката помеѓу Филип Морис и KT&G по основ на договор кој е потпишан помеѓу двете компании во јануари, 2020 година.
Заедно со популарниот IQOS и овој уред е дел од портфолиото производи на Филип Морис кои не го согоруваат тутунот.
„Секоја година, сè повеќе пушачи преминуваат од цигари на подобри алтернативи, што е и основната идеја и цел на трансформацијата која ја спроведува Филип Морис. Со нашиот производ IQOS им овозможивме на сите оние кои би продолжиле да пушат да преминат на подобра алтернатива, што е во интерес на нивното здравје и јавното здравје воопшто. Комерцијализацијата на LIL SOLID 2.0 на македонскиот пазар ќе придонесе кон остварување на нашата цел, обезбедувајќи им на возрасните пушачи уште поголем избор на технолошки решенија, но и цени,“ рече Иван Костиќ, генерален директор на ФМТКП.
Новиот уред е модерно дизајниран, компактен уред кој нема греен елемент, туку греењето се должи на индукција, поради што се троши помалку енергија.
Новите уреди пред комерцијализацијата поминаа темелна проценка за да се осигури дека ги исполнуваат сите регулаторни и општи барања за безбедност на пазарите каде што се лансирани, како и високите стандарди на ФМИ за научна основа како би се потврдило отсуството на согорување и значително намалување на емисиите на штетни состојки во споредба со цигарите.
Идејата за иднина без чад, Филип Морис ја трасира од 2014 година а оттогаш до денес повеќе од 19 милиони пушачи веќе се префрлија на IQOS, додека 14 милиони ги напуштија цигарите засекогаш. Притоа, во јули 2020 година, американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го класифицираше овој уред во категоријата производи со модифициран ризик, препознавајќи дека научните студии покажуваат дека целосното префрлување од цигари на овој уред, ја намалува изложеноста на човечкото тело на штетни и потенцијално штетни материи.